• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

КС Групација со традиционална предновогодишна забава во Голд Фелициа

28 декември 2024, 19:48
  • cподели

На 24-ти декември во комфорниот амбиент на единствената Голд Фелициа во Битола се одржа десеттата, јубилејна предновогодишна забава на КС Групација. КС Групацијата во чиј состав влегуваат компаниите Евротип, Голд Слот, Голд Фелициа, Агроброд, Премиум Сејфти Солушн, 77 Софт и 77 Ентертејнмент традиционално организира предновогодишни забави на кои се прославуваат достигнувањата и успесите на компаниите од тековната година. Прагот на Новата Година е идеален момент за целосна ретроспектива на значајните настани кои како дел од стратегијата за општествена одговорност оставиле траен белег во корпоративното портфолио на КС Групација. Секоја година на забавата се прогласуваат најдобрите вработени од секоја компанија и им се врачуваат пофалници, плакети и подароци во знак на благодарност за нивната лојалност и посветеност кон работата и Групацијата.

предновогодишна забава на КС Групација

За најдобар вработен за 2024 година од дирекцијата на КС Групација беше прогласен Дејан Војводич кој е пример за вреден и посветен вработен кој со својата професионалност и знаење активно допридонесува за непречено одвивање на деловните процеси во секторот во кој работи.

предновогодишна забава на КС Групација

Награда за најдобар вработен од Евротип спортските обложувалници замина во рацете на Андријана Нечовски од Битола. Второто место за најдобар вработен и припадна на Викторија Мижимакоска од Струга, а третото на Златка Ристевска од Кичево.

Во рамките на компанијата Голд Слот за најдобар вработен за 2024 година беше избран Пецо Трајковски од Прилеп. Второто место беше “адресирано” за Душичка Вишички од Дебар, а третото за Благојче Размовски од Битола.

Компанијата Голд Фелициа за најдобар работник го прогласи Петар Божиновски, а Премиум Сејфти Солушн за свој најдобар работник за годината што изминува ја именува Татјана Николовска.

Најмладата компанија од КС Групацијата 77 Ентертејмент за прв пат додели признание за најлојални изведувачи на Кабаре Шоу кое им припадна на Агим Бафтии, Теодора Ставреска и Бојан Стојков.

Најдобар вработен за 2024 година од GS 77 Security – Внатрешно обезбедување и мониторинг е Павлина Толевски, а од компанијата Агро Брод за најдобар вработен беше избран Сашо Ристевски.

Овогодинешното признание за најголеми поддржувачи на социјалните мрежи и припадна на најголемата групација во Македонија, а тоа е Битолската Групација во чие име плакетата ја прими менаџерката на групацијата Магдалена Ристевска.

Како и секоја година, така и оваа, беа организирани регионални предновогодишни забави на кои им беа доделени наградите и признанијата на заслужните вработени.

Забавата помина во духот на колегијалноста и со пријатна атмосфера во која смеата, расположението и забавата царуваа до раните утрински часови.

предновогодишна забава на КС Групација предновогодишна забава на КС Групација предновогодишна забава на КС Групација предновогодишна забава на КС Групација предновогодишна забава на КС Групација предновогодишна забава на КС Групација предновогодишна забава на КС Групација предновогодишна забава на КС Групација предновогодишна забава на КС Групација предновогодишна забава на КС Групација предновогодишна забава на КС Групација предновогодишна забава на КС Групација предновогодишна забава на КС Групација предновогодишна забава на КС Групација предновогодишна забава на КС Групација предновогодишна забава на КС Групација предновогодишна забава на КС Групација

Менаџерскиот тим на КС Групацијата со здравица за нови успеси, здравје и среќа во новата година им посака среќни празници на своите вработени.

„Заедно правиме разлика, заедно креираме иднина“

https://ksgroup.mk/

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.