• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Мода

Корсети и пердуви, а кафеавата е хит боја: Модниот дизајнер Бебекоски ни ги открива матурските трендови

30 април 2026, 12:12
  • cподели

Матурската еуфорија во мај го достигнува својот врв. По месеци виртуелно прелистување низ Instagram и TikTok во потрага по совршениот изглед, сѐ повеќе матурантки сфаќаат дека не сакаат униформираност. Наместо готови модели, тие бараат фустан изработен по мерка, уникатно парче кое јасно порачува: „Ова сум јас!“.

Во ера кога микро-трендовите се менуваат преку ноќ, реален е предизвикот да се пронајде впечатлив и модерен аутфит кој е соодветен за возраста, фигурата и приликата. За да ги дешифрираме новите модни правила, разговараме со дизајнерот Марјан Бебекоски. Со неговиот препознатлив урбан печат и софистицирана естетика, тој ни открива што е најактуелно оваа сезона и ни дава клучни насоки како да го креирате матурскиот изглед кој ќе доминира.

Марјан Бебекоски
Кои се главните трендови за матурски фустани оваа сезона?

Најбарани се корсетот како основа, заедно со пердувите и карнерите како декоративна текстура

Генерално, корсетот како основа, заедно со пердувите и карнерите како декоративна текстура, веќе неколку години се меѓу најбараните елементи кај матурантките. Сепак, од сезона во сезона се менуваат формите, изразот, како и изборот на бои и материјали.

Оваа сезона се издвојува корсет со овален израз и нагласени шпицести врвови во пределот на деколтето, како и V-линија во пределот на половината, со цел визуелно издолжување на силуетата и потенцирање на тенка половина.

Покрај тоа, свилените фустани со висок шлиц и отворен грб остануваат еден од фаворитите кај матурантките, благодарение на нивната елеганција и едноставна, но впечатлива форма.

Креација на Марјан Бебекоски
Корсетите се меѓу најбараните елементи
Креација на Марјан Бебекоски
Креација на Марјан Бебекоски
Свилените фустани со висок шлиц и отворен грб остануваат еден од фаворитите
Што најчесто бараат матурантките – елеганција или впечатливост?

Елеганцијата е секогаш највпечатлива и сметам дека секоја девојка треба да ја негува и да ја истакнува. Сепак, со текот на времето и промената на генерациите, забележувам дека младите сè повеќе се охрабрени да експериментираат и да го изразат својот личен стил. Особено е впечатлив начинот на кој се доживуваат себеси и нивниот пристап кон „self-presentation“, што во позитивна смисла носи повеќе самодоверба и слобода во изборот.

Кои бои и материјали доминираат оваа година?

Доминираат поживи нијанси, а кафената се наметнува како најбарана

Како и на светско ниво, така и кај нас, оваа сезона се забележува зголемен интерес за поизразени бои. Додека претходните години доминираа класичните тонови како црна, црно-бела комбинација, смарагдно зелена и беж, оваа година се појавуваат поживи и поинтензивни нијанси.

Посебно се издвојуваат сината, розовата и црвената во различни тонови, додека како изненадување, кафената боја се наметнува како една од најбараните.

Што се однесува до материјалите, најактуелни се свилата, сатенот, тулот и чипката, кои овозможуваат комбинација на елеганција, леснотија и впечатлив визуелен ефект.

Креација на Марјан Бебекоски
Кафената се наметнува како најбарана боја
Дали има враќање на некои стари трендови (ретро стилови)?

Иако ретро елементите се провлекуваат низ модата во континуитет, оваа сезона особено се издвојуват боите од 80-тите, средната големина на торби како и „polka dot“ принтот, кој повторно се враќа како впечатлив и разигран избор на различни типови материјали.

Како една матурантка да го избере вистинскиот крој според својата градба?

Најважно е фустанот да ја следи природната линија на телото и да ги истакне предностите на фигурата. Правилниот крој може визуелно да ја издолжи силуетата, да ја нагласи половината или да создаде баланс помеѓу горниот и долниот дел. Затоа, изборот секогаш треба да биде во согласност со личната градба, но и со тоа во што девојката се чувствува најудобно и самоуверено.

Марјан Бебекоски
Марјан Бебекоски
Колку време однапред треба да се започне со изработка на фустан?

Околу две недели се доволни за изработка на фустан

Во просек, околу две недели се доволни за изработка на фустан. Сепак, тоа во голема мера зависи од моделот, сложеноста на дизајнот и количината на рачна работа – како што се везење, драпирање или други декоративни техники. Затоа, секогаш е препорачливо да се започне навреме. (се смее)

Кои се најчестите грешки што ги прават матурантките при избор на стајлинг?

Најчестата грешка е кога се обидуваат да избегаат од својот личен стил. Елеганцијата доаѓа од автентичноста.

Исто така, често се случува сите елементи – фустанот, аксесоарите, шминката и фризурата – да бидат подеднакво нагласени, што може да создаде пренатрупан изглед. Во модата важи правилото „помалку е повеќе“, и токму балансот е клучен за успешен стајлинг.

Креации на Марјан Бебекоски
Дали младите повеќе се водат по трендови или сакаат уникатен, персонализиран дизајн?

Денес младите се инспирираат од трендовите, но сè повеќе се стремат кон уникатност и персонализиран пристап. Трендовите служат како насока, но крајниот избор често е комбинација од актуелното и личниот стил.

Марјан Бебекоски
Што би им советувале на оние кои имаат ограничен буџет, а сакаат да изгледаат впечатливо?

Впечатливиот изглед не зависи од цената, туку од изборот. Едноставен, добро скроен фустан во комбинација со внимателно одбрани детали може да изгледа исклучително елегантно. Фокусот треба да биде на кројот, материјалот и вклопувањето на моделот, додека со минимални, но ефективни модни додатоци, шминка и фризура, може да се постигне комплетен и софистициран изглед.

Даница Караташова Илиоска / Femina.mk

Tags
Марјан Бебекоски
матура

Најнови

  • Ултра сексапилна: Северина во кратко разголено црно фустанче на роденденот на стилистката Карла Каиќ

    Thu, 04/30/2026 - 13:35
  • Марјан Бебекоски

    Корсети и пердуви, а кафеавата е хит боја: Модниот дизајнер Бебекоски ни ги открива матурските трендови

    Thu, 04/30/2026 - 12:12
  • Како тинејџерка во Русија и сега: Ирина Шајк сподели забавни фотографии, фановите одушевени

    Thu, 04/30/2026 - 11:06
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.