Две бремености, две големи телесни промени и години посветена работа.
Евгенија Колев денес е во најдобрата форма во животот, а нејзината трансформација е доказ дека мајчинството не мора да значи крај на патот кон силно и здраво тело.
Како мајка на две деца, атрактивната Македонка, која е сертифициран тренер, отворено зборува за килограмите кои ги добила во двете бремености, периодите на опоравување и повторното градење сила.
Во објава на Instagram, Евгенија го покажува тонираното тело кое го изгради по раѓањето на синчињата со цел да им помогне и на други жена да влезат во посакуваната форма.
30 кг во првата бременост. 15 кг во втората.
Двапати моето тело се менуваше за да донесе дете на свет. И два пати го поминав целиот процес одново.
Бременост.
Породување.
Опоравување.
Враќање на тренинг.
Повторно градење сила.
Повторно учење што му треба на моето тело во таа фаза од животот.Кога денес ги гледам овие фотографии, не гледам само колку килограми сум качила и симнала.
Гледам години работа.
Гледам две бремености и два постпородилни периоди.
Гледам многу тренинзи направени и кога условите не биле идеални.
Многу трпение.
Многу учење.
И многу доследност.Никогаш не си го „вратив старото тело“.
Изградив ново.
И денес, после две деца, сум посилна, имам повеќе мускулна маса и сум во подобра форма од кога било претходно.
Ако си нова тука, јас сум Евгенија. NASM сертифициран тренер, мајка на две деца и денес им помагам на жени да го направат истото на начин кој е прилагоден на нивното тело, нивната цел и нивниот живот.
Не верувам во брзи трансформации и екстремни диети.
Верувам во добар план, трпение и доволно време за телото навистина да се промени.
Мајчинството не значи дека твојата најдобра форма е зад тебе.
Можеби допрва треба да ја изградиш 🤍 - стои во нејзината објава.
Убавата фитнес зависничка живее и работи во Дубаи заедно со сопругот и двете синчиња.
Во друга објава, Евгенија сподели фотографии од нејзиното тело пред бременостите и процесот на постигнување на телото кое го има сега.
Во описот пишува:
Повеќето жени мислат дека најдоброто тело го имале пред да станат мајки.
И јас мислев така.Однадвор, моето тело пред децата изгледаше „добро“.
Однатре, никогаш не бев целосно задоволна. Секогаш мислев дека можам да изгледам уште подобро.Потоа бременоста го промени моето тело.
Постпородилниот период ме научи на трпение.
А кога поминав низ сето тоа по вторпат, навистина сфатив една работа:
Твоето тело не е уништено.
Тоа се приспособува на она што го бараш од него.
Постпородилниот период не е нешто што треба да се „поправа“.
Тој бара почит, трпение и добар план.Она што ми помогна повторно да го изградам своето тело не беа екстремни диети или моментална мотивација.
Тоа беа редовните тренинзи, доволно храна и дозволувањето на телото да се одмори и опорави, наместо постојано да се борам против него.Денес сум посилна, не затоа што едноставно „се вратив во форма“,
туку затоа што повторно го изградив своето тело – на правилен начин.Ако си во постпородилниот период и се чувствуваш отуѓено од своето тело, не значи дека нешто не е во ред со тебе.
Само си во период од животот кој бара поинаков пристап.