Селин Дион падна сред концерт откако се врати на сцената по битката со неизлечивата болест, беше трогната од поддршката
Селин Дион падна среде концерт во Париз, но покажа дека нема да дозволи тоа да ѝ го расипе големото враќање на сцената. Пејачката веднаш се исправи, им даде знак на фановите дека е добро и продолжи да пее.
58-годишната дива се врати на настапите во живо по долга пауза поради битката со синдром на вкочанета личност кој ги претвора луѓето во живи статуи.
Незгодата се случи во средата додека Дион ја изведуваше песната „Dans un autre monde“ од 1998 година.
Низ концертите, Дион најмногу беше трогната кога публиката ѝ покажа колку силно стои зад неа. Додека ја изведуваше баладата „Pour que tu m’aimes encore“, таа им призна на фановите дека ги заборави стиховите. Присутните веднаш запеаја и ѝ помогнаа да продолжи со изведбата.
Селин им се заблагодари и им порача: „Фала му на Бога што сте тука“.
Дион во декември 2022 година откри дека ѝ е дијагностициран синдром на вкочанета личност (Stiff-person syndrome), ретко невролошко нарушување кое предизвикува мускулна вкочанетост и болни грчеви и може сериозно да влијае врз движењето.
Поради здравствената состојба, пејачката мораше да ги откаже или одложи своите концертни планови. Во интервју за магазинот People во 2024 година, отворено зборуваше колку ѝ е тешко да прифати дека здравјето ја принудува да го намали темпото.
„Не сакав да престанам. Сакав да останам на сцената. Сакав да бидам храбра наместо разумна. Тоа беше погрешно“ – изјави тогаш таа.
Првиот концерт од новата резиденција во Париз, на 12 септември 2026 година, беше нејзиниот прв целосен концерт по повеќе од 6 години.
„Дадов ветување. Ветив дека ќе се вратам, дека повторно ќе бидам на сцената. И еве ме, пеам за вас и за себе. Ви благодарам за поддршката и трпението. Јас сум сè што сум денес благодарение на вашата љубов“ – рече Дион.