Евер Андерсон воодушеви со своето појавување на Филмскиот фестивал во Венеција.
18-годишната ќерка на актерката Мила Јовович зачекори на црвениот тепих во романтична креација со светкави цветови со потпис на модната куќа Диор и привлече многу коментари за сличноста во изгледот со мајка си.
Младата глумица го претстави својот нов филм „Father Joe", во кој игра рамо до рамо со две големи холивудски ѕвезди, Ал Пачино и Кифер Сатерленд. Пред почетокот на снимањето, изјави дека работата со нив двајца ѝ изгледала застрашувачки, но многу брзо се покажало дека немала причина за нервоза и дека имала среќа што била дел од таква филмска екипа.
Во филмот, Евер ја има улогата на Фелисита, млада девојка која Џо се обидува да ја спаси од зависност.
За новото филмско остварување, во интервју за „The Italian Reve“, таа изјави:
„Мислам дека филмот навистина ме потсети да имам емпатија кон другите и да не станувам толку нечувствителна поради сè што секојдневно гледам на социјалните мрежи – навистина да се поврзам со другите луѓе. Никој не е подобар од никого. Кога ги гледаш луѓето околу себе, сфаќаш дека тие воопшто не се толку различни од тебе – потребна е само промена во начинот на размислување за да ги разбереш. Овој филм ме потсети на тоа и ме потсети дека сакам да бидам повеќе таков човек – некој кому другите би сакале да му се обратат, да побараат помош или да му го доверат својот товар.“
Евер е ќерка од првиот брак на Мила Јововиќ со британскиот режисер Пол В.С. Андерсон. Од најрана возраст се занимава и со моделинг.