• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Констракта ќе ја донесе својата креативност на Градски стадион во Битола на 3 јули

26 јуни 2024, 12:55
  • cподели

На 03.07.2024 година, како дел од The Stars Symphony, ќе настапи Констракта, или Ана Ѓуриќ, која сите добро ја познаваат по нејзиниот автентичен и креативен настап на Евровизија во 2022 година, каде заврши на 5-то место со песната "In corpore sano".

Со својот настап на Евровизија, таа ја освои наградата Марсел Безансон за уметничка изведба, официјална награда на Евровизија која се доделува за најдобра уметничка изведба, гласајќи од коментаторите од секоја учесничка телевизиска станица на Евровизија.

Концептуалниот пристап и автентичност на Констракта често се споредуваат со работите на познатата Марина Абрамовиќ, што го прави нејзиниот уметнички израз уште поинтригантен.

Како член на критички признатиот српски бенд Земља грува, таа настапувала на некои од најголемите музички фестивали во Србија и Западниот Балкан, вклучувајќи настапи пред артисти како Си Ло Грин и Нувел Ваг. Бендот исто така беше избран да го отвори последниот концерт на Ејми Вајнхаус во Белград во 2011 година.

На 3 јули бидете на Градски стадион во Битола за да уживате во уникатните настапи на Констракта.

The Stars Symphony

03.07.2024, 19:00, The Stars Symphony, Градски стадион, Битола.

Карти во продажба на следниот линк: https://www.yournextevent.info/event.php?id=49 и во Тобако Димпо во Битола (Ленски Мост, Гроздот, и Новиот Пазар).

За повеќе информации за настанот, посетете ги профилите на Камерен Оркестар на Facebook и Instagram.

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.