• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Музика

Колумбијци ја отпеаја и отсвирија „Вечниот Бог“ на Божиќ, измамија многу комплименти

8 јануари 2026, 14:17
  • cподели

Јанко Пенафорт повторно ги одушеви Македонците на Божиќ.

Колумбиецот, кој милува да пее македонски песни, со својот бенд, мајка си и татко си, ја отсвирија и отпеаја „Вечниот Бог“, мамејќи многу комплименти.

„Ви посакуваме среќен Божиќ. Денес со мојата мајка од Украина, Наталија, и за првпат ќе го слушнете на виолина татко ми од Колумбија. Со сета наша љубов за вас, за ваше здравје, за ваш празник и ве сакаме драги наши Македонци“ – рече Јанко на почетокот од видеото.

„Нема да верувате како Колумбијци ја испеаја 'Вечниот Бог' – Кожата ќе ви се наежи!“ – стои на YouTube.

Во коментарите постојано се нижат само комплименти за овие музичари од Колумбија кои имаат за цел „што повеќе луѓе во светот да слушнат колку е прекрасна македонската музика“.

„Моето име е Јанко. Јас сум професионален музичар од Богота, Колумбија. Немам никакви македонски корени. Оваа година поминав неколку месеци во Македонија и се заљубив во вашата земја и вашата музика. Македонската музика е симбол на храброста и борбата за слобода, но истовремено и прекрасна музика. Чест ми е да ја славам Македонија преку музика“ – пишува тој на својот Facebook профил „Колумбиец пее на македонски“.

Tags
Јанко Пенафорт
Вечниот Бог

Најнови

  • Дами во црно: Каролина Гочева во шоуто на Цеца

    Tue, 02/24/2026 - 17:46
  • Лили Колинс и Одри Хепберн

    Лили Колинс ќе ја оживее незаборавната Одри Хепберн во филм за снимањето на „Појадок кај Тифани“

    Tue, 02/24/2026 - 16:45
  • Бред Пит со саканата Инес де Рамон пристигнаа во Грција

    Tue, 02/24/2026 - 14:42
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.