Колумбиецот вљубен во македонската музика изненади наш келнер во Чешка, му ја запеа „Јовано, Јованке“
Македонски келнер кој работи во Прага, Чешка, доживеа вистинско изненадување. Сред обичен работен ден, пред него застана странец од Колумбија и со неверојатна емоција му запеа на македонски јазик.
Станува збор за Јанко Пенафорт, професионален музичар од Богота, Колумбија, кој е вистински вљубен во македонската музика и култура.
Тој за Македонецот ги испеа песните „Јовано, Јованке“ и „Ќе ти дојдам вечер“, а снимката ја објави на социјалните мрежи.
Јанко веќе е добро познат на македонската јавност преку неговата Фејсбук страница „Колумбиец пее на македонски“. Тој толку се фасцинирал од нашиот фолклор, што активно го учел јазикот за да ги изговара зборовите без грешка. Јанко ја посети Македонија и се фотографираше на Камениот мост во Скопје.