• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Кој би рекол дека полни 60 години? Згодната Хали Бери го прослави јубилејниот роденден во луксузен ресорт

24 август 2026, 22:20
  • cподели

Хали Бери зачекори во седмата деценија од животот. Холивудската актерка го прослави својот јубилеен 60-ти роденден во друштво на вереникот Ван Хант, на кого јавно му се заблагодари за тоа што ѝ го направил денот незаборавен.

На објавените фотографии на социјалните мрежи, заљубената двојка ужива на луксузно крстарење со јахта, како и на романтична вечера, а споделува и моменти од разладувањето во ресорт со огромен базен.

Природна и без грам шминка, славната оскаровка сподели и неколку кадри во црно-бел костим за капење во кој ја покажува нејзината топ фигура, во лежерен бел ленен фустан додека се шета по плажа, како и во заводлива наметка која го открива нејзиното деколте.

„Ви благодарам на сите од срце за целата љубов за роденденот и убавите желби. Благодарна сум што сѐ уште сум тука!“ - напиша Бери.

Младоликата филмска ѕвезда постојано добива комплименти за одржаниот изглед.

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Halle Berry (@halleberry)

Tags
Хали Бери

Најнови

  • Кој би рекол дека полни 60 години? Згодната Хали Бери го прослави јубилејниот роденден во луксузен ресорт

    Mon, 08/24/2026 - 22:20
  • „Лани за роденден - свадбарка, оваа година – презентерка“: Водителката Бубе Јаневска со роденденски фотографии

    Mon, 08/24/2026 - 15:15
  • Еден фустан, три дами од шпанското кралско семејство: Принцезите Софија и Леонор во креација од плакарот на мајка им Летиција

    Mon, 08/24/2026 - 14:54
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.