Кој би рекол дека е во шестата деценија? Лила Филиповска атрактивна во костими за капење во Грција
Лила Филиповска максимално ги користи последните топли летни денови и не ја крие својата пасија за патувања.
Познатата водителка, која наскоро ќе го прослави јубилејниот 55. роденден, на Instagram објави низа фотографии од одморот во Грција.
Лила заводливо позираше на плажа во два костими за капење. На дел од фотографиите таа заводливо позира во розов едноделен костим за капење и сламен шешир на плажа, но и покрај педалинка во форма на фламинго.
И вторник е убав кога си на море 🫶 – напиша таа.
Филиповска објави и фотки во дводелен костим за капење во сина боја кој го надополни со тренди марама и големи очила за сонце.
Некои лета не завршуваат. Само стануваат спомен засекогаш ⚡️⚡️⚡️ – стои во описот.
Водителката на „Сè или нешто“ објави и видео од зајдисонце, за кое во описот стави интересна порака.
Во бескрајот не се брои колку долго си бил тука.
Се брои каква трага си оставил…🌅 – напиша таа.