• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

„Кога твоето пораснато дете...“: Блогерка со емотивен текст ги опишува чувствата на мајките кога децата ќе пораснат

13 јануари 2021, 11:46
  • cподели

Родителите на пораснати деца често ќе речат „Гушкајте ги и бакнувајте ги децата додека се мали“. Но, мајките и татковците тешко можат да го сфатат вистинското значење на овие зборови пред нивните деца да пораснат.

Блогерка со емотивен текст доловува колку скапоцени стануваат бакнежите и прегратките кога децата ќе се осамостојат и ќе „одлетаат“ од семејното гнездо.

Татко и ќерка

Кога твоето пораснато дете ќе ти испрати порака: „Може да си дојдам за викендот?“, ти ќе потскокнеш пред таа шанса и громогласно ќе извикаш „ДА“.

Кога твоето пораснато дете ќе се паркира пред твојот дом, ти ќе истрчаш надвор, мавкајќи избезумено, гушкајќи го како да не си го видела пет години – иако поминале само пет недели.

Кога твоето пораснато дете ќе ги расфрли своите работи насекаде низ кујната, ќе си го гризнеш јазикот и ќе се потсетиш дека тоа ќе трае само неколку дена, а потајно ќе знаеш дека ќе ти недостига тој „неред“.

Кога твоето пораснато дете ќе те праша „Мамо, имаш Х?“, ти ќе ја пребараш целата куќа сè додека не најдеш Х назад во аголот под мијалникот.

Кога твоето пораснато дете ќе направи купче од паднати лисја и ќе се фрли во него, фрлајќи ги лисјата во воздух зашто есента му е омиленото годишно време, ти ќе направиш видео и ќе го објавиш насекаде.

Кога твоето пораснато дете ќе ја држи раката на Тато за време на долгите прошетки во природа, ти само ќе гледаш одназад, а срцето речиси ќе ти експлодира, зашто денес го сакаш повеќе отколку што некогаш си го сакала.

Кога твоето пораснато дете ќе се гушка со тебе на каучот додека гледа фудбал и јаде пуканки (официјалните фамилијарни грицки), во твојата глава ќе надојдат спомените од тоа малечко девојче кое се вртеше во кругови и кое уживаше додека ги јадеше меките бели задоволства. И грутка ќе ти се формира во грлото.

Кога твоето пораснато дете ќе започне да се подготвува за да си оди, ти помагаш да се спакува во автомобилот, со рачна ламба се уверуваш дека гумите се напумпани, пакуваш торба со јадење за по пат и уште еднаш го гушкаш како да нема да се видите уште пет години – иако знаеш дека ќе бидат само пет недели.

Кога твоето пораснато дете ќе го напушти паркингот, ти ќе викнеш „Те сакам“, мавтајќи со рацете во воздухот, додека солзите ќе ти ги наполнат очите, а ти ќе им дозволиш да течат. Твоето срце истовремено ќе биде и тажно и благодарно.

Кога твоето пораснато дете ќе ти испрати порака „Стигнав!“, ти ќе издишеш со олеснување и со нетрпение ќе го очекуваш следниот пат кога ќе ти биде дадена нова шанса да скокнеш и громогласно да извикаш „ДА“.

Tags
мајка

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.