• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Кога се сака, сè се може: Мајка ослабе 60 килограми и сега мотивира со својата приказна

2 март 2021, 10:35
  • cподели

Трансформацијата на Али Брух покажува дека кога се сака, сè се може. 28-годишната фризерка ја преполови својата тежина и сега мотивира со својата приказна.

Али, која е мајка на две деца, започнала да слабее пред две години и досега има „симнато“ над 60 килограми.

Али Брух Али Брух

Брух тврди дека за да го достигне посакуваниот изглед морала комплетно да се посвети на здрава исхрана. Така, започнала да применува кето диета.

„Цел живот имав прекумерна тежина. Да бидам искрена, бев дебела. Најтешка бев кога имав 122 килограми. Не можев повеќе да трчам по ќерка ми. Стоењето на работа физички ме заморуваше и ме болеа глуждовите.“

„Се криев кога некој фотографираше, плашејќи се дека таа слика ќе биде објавена онлајн и луѓето ќе видат колку сум голема. Јадев без престан. Кога ќе почнев да јадам, не можев да престанам. Понекогаш јадев од 6.000 до 8.000 калории дневно. Кога гледам наназад, ме растажува начинот на кој си го третирав телото“ – објаснила Али.

Али Брух Али Брух Али Брух

Клучниот момент за таа да реши да направи промена, било кога не можела да си најде соодветна венчаница за свадбата.

„Додека чекорев низ сите тие прекрасни фустани, продавачката јасно ми посочи дека тие фустани со 'нормална големина' нема да ме соберат, дека за мене остануваат само plus-size опциите. Си отидов дома скршена.“

„Неколку недели подоцна, видов пост на една жена на Instagram за нејзиното слабеење со кето диета и поради некоја причина, тоа разгори некоја искра во мене. Бев подготвена. Ја почнав диетата истиот ден“ – вели таа. „Кето диетата беше најневеројатното нешто за мене. Исто така, применувам и наизменично постење“ - додала Али.

Али Брух Али Брух Али Брух Али Брух Али Брух

„Слабеењето е тешко. Нема да видите промена ако не сте упорни и доследни. Малите цели се подобри од големите. Ќе се чувствувате многу подобро кога ќе ги достигнете малите цели, наместо да имате една единствена џиновска цел која ви е недостижна“ – советува Али.

Али не ја крие овиснатата кожа која е резултат на слабеењето.

Али Брух Али Брух Али Брух Али Брух Али Брух
View this post on Instagram

A post shared by ALI BRUCH | HAIR ARTIST (@alicutsmyhair)

Али Брух
Tags
големо слабеење

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.