Кога колешките ептен ќе ти го погодат свадбениот подарок: Грепка му донесе автомобил на пар од Кривогаштани
Замислете го денот по вашата свадба: ги отворате подароците, ги читате честитките, решавате да ги изгребете инстант лозовите кои сте ги добиле на подарок... и сфаќате дека сте освоиле автомобил!
Токму ова им се случи на Фросина и Пеце Козароски од Кривогаштани. Ковертот од колешки, во кој се криеле лозови од серијата „Титаниум“, се претвори од мал симпатичен подарок во нивна голема животна радост.
За добивката, самата Фросина раскажа за Државна лотарија:
„На нашата свадба добивме многу подароци, но еден беше навистина посебен – колешките од работа ни подарија грепки. Имаше 3 „Титаниум“ и уште 10 други. Искрено, ги прифативме како симпатичен гест, без некои големи очекувања.
Следниот ден, седнати заедно со сопругот, почнавме да ги гребеме една по една. Се смеевме, се шегувавме… сѐ додека не стигнавме до третата „Титаниум“ грепка. Во тој момент – шок. Не можев да поверувам што гледам. Помислив дека грешам, дека нешто сум помешала. Но не – грепката беше добитна. Добивме Ford Kuga.
Во тој момент времето застана. Погледнавме еден во друг и едноставно избувнавме од среќа. Тоа беше чувство што не се опишува – чиста, искрена радост. Свадбата ни донесе љубов, а веднаш потоа и неочекувана среќа која ќе ја паметиме цел живот. Понекогаш купувам грепки – не затоа што очекувам нешто големо, туку поради она мало чувство на возбуда додека ги гребам. Најголемите добивки во животот доаѓаат кога најмалку ги очекуваш.
...И да, верувам во среќа. И верувам дека секој заслужува барем еден таков момент во животот кога срцето ќе затрепери од радост. Затоа верувајте и вие – затоа што среќата секогаш наоѓа начин да изненади, кога најмалку ја очекувате.“