Кога денот се претвора во ноќ: Милиони луѓе од Европа со восхит го гледаа целосното затемнување на Сонцето
Милиони луѓе низ Европа вчера го вперија погледот кон небото за да проследат едно од највпечатливите астрономски случувања во последните години – целосното затемнување на Сонцето.
Месечината помина директно пред Сонцето и целосно го прекри неговиот диск, претворајќи го денот во необична темнина. Целосната фаза беше видлива во делови од Шпанија, Исланд и Гренланд, додека во Велика Британија и други европски земји затемнувањето беше делумно.
Во Шпанија, каде што спектаклот беше особено впечатлив, луѓето се собраа на различни локации за да го проследат моментот кога Сонцето целосно исчезна зад Месечината.
Сопругата на нашиот голман Столе Димитриевски сподели видео и фотографија од затемнувањето. Ирина заедно со својот сакан живее во Валенсија.
„Затемнување на Сонцето над Ибица – глетка која се доживува еднаш во животот 🌘✨“ - стои во едно од видеата.
Мајорка
Барселона
@barcelonaprojecte Eclipse solar 2026 🌞🌚 BARCELONA📍 #barcelona #eclipsesolar ♬ suono originale - swami
Макарска
Португалија
Неверојатни фотографии и видеа се споделуваат од различни дестинации. Многумина експериментираа со атрактивни пози додека во позадина се гледа небесниот феномен.
Чилеанската научничка Јасмин Катриќео, која отпатувала во Шпанија специјално за затемнувањето, го опиша како најневеројатното затемнување кое го видела досега.
„Нема зборови со кои може да се опише чувството. Универзумот е неверојатен“ – изјави таа.
Целосното затемнување на Сонцето е исклучително редок спектакл за конкретна локација, бидејќи патеката на целосната сенка на Месечината е многу тесна. За жителите на континентална Европа, вчерашниот настан беше првото целосно затемнување по повеќе од две децении.