„Кога Дамјан ќе каже ‘ме боли главчето’, мама и тато не си го сакаат животот“: Апел за помош на Дамјан кој има тумор на мозок
Да го отвориме срцето и да му помогнеме на малиот Дамјан Ивановски да победи во борбата со туморот на мозокот.
Малото дете по четврт пат треба да се оперира во Турција, каде му даваат надеж за конечно отстранување на туморот.
💙 Дамјан веќе покажа колку е голем борец. Три операции. Безброј прегледи. Илјадници моменти исполнети со страв, болка и неизвесност. Но и покрај сè, Дамјан и неговото семејство не се откажуваат - стои на Facebook објавата на eCrowd.mk.
Еве го апелот:
Дамјан е роден како второ дете во семејството Ивановски. Здраво, нормално дете.
На 2-годишна возраст, со симтоми како за вироза, повраќање, температура, доаѓа кобна вест-тумор на мозокот!!!
И почнува период на тага, болка и борба во семејството Ивановски.
Направени се две операции кај нас во Македонија, направена е и трета операција во Турција, но туморот е тука. И додека другите деца на таа возраст играат, откриваат светови, бои, другарчиња, Дамјан открива нови болки, болнички кревети, солзи и тага.
Кога Дамјан ќе каже “ме боли главчето“, мама и тато не си го сакаат животот!Мама и тато се до сега се снаоѓаа како знаат и умеат да ги покријат сите трошоци. Но, веќе ги искористија сите можности и начини. Веќе не можат сами.
Да не ги оставиме сами, да помогнеме колку можеме. Да помогнеме Дамјан да застане на ноџињата, да може да голта и убаво да се храни, да научи букви и песнички.Докторите овој пат даваат целосна надеж за конечно отстранување на туморот!
Да бидеме соучесници во оваа надеж!
Да ја создадеме иднината на Дамјан!
И мајката на Дамјан, Милена, напиша емотивна објава во која раскажа за здравствените предизвици на синчето:
Нашето дете Дамјан во 2022 година имаше вода во мозокот и тумор. Прво го оперираа од хидроцефалус на мозокот, а една недела подоцна го отстранија туморот.
Во 2023 година, туморот повторно се врати дупло поголем. Потоа, во 2024 година, повторно се врати туморот. Следуваше радиотерапија на мал мозок, 33 сесии, а потоа се појавија траги и на 'рбетот, поради што беа направени уште 18 сесии плус зрачење.
Во 2025 година повторно беше опериран и за три месеци беше 1,5 см туморот. Сега, оваа контрола е околу 3 сантиметри голем колку топче.
Денови или недели се во прашање. Кој колку можи да донира.
Апелот за помош за Дамјанче е објавен на eCrowd.mk, каде можете да донирате на следниов линк:
Да ја создадеме иднината на Дамјан, со клик на копчето „Поддржи ја кампањата“. Износот може да биде од 100 до 6000 денари дневно.
ИЛИ со банкарска уплата:
За поголеми износи од 6000 денари, донирајте директно на сметката на Фондацијата ИКРАУД:
Жиро сметка: 270078016610134
Цел на уплата: за Дамјан
Шифра: 562 / донации