• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Ким: Се омажив од љубов, бракот не беше измама

2 ноември 2011, 13:34
  • cподели

Крис Хамфрис: „Ја сакам мојата сопруга... подготвен сум за направам сè што е потребно за овој брак да успее.“

Крис Џенер (мајката на Ким): „Најмногу нервираат гласините дека таа заработи милиони од свадбата. Таа не заработи ниту цент, всушност, потроши милиони за свадбата.“

Ким: „Се омажив од љубов.“

Ким и КлоиКим и Клои денес присуствуваа на лансирањето на чантите од нивната колекција во Сиднеј. Ова е можеби првото појавување на Ким без да им се насмевне на камерите.

Само 72 дена по фамозната луксузна свадба, Ким Кардашијан реши да се разведе од својот сопруг Крис Хамфрис. Веста за разводот иако не шокира многумина, роди безброј дискусии и шпекулации дека свадбата е само бизнис зделка и ништо повеќе.

Медиумите ја направија математиката зад заработката од свадбата на Ким. Според објавените суми, престижната свадба на Ким чинела 10 милиони долари, но заработката изнесувала 18 милиони долари. Откупувањето на правата за телевизиски пренос на свадбата ја чинела телевизијата E! неверојатни 15 милиони долари. Списанието People платило 1 милион долари за да може да објави неколку ексклузивни фотографии од свадбената церемонија. Ким заработила и од својата моминска вечер, затоа што од ноќниот клуб Tao во Лас Вегас ѝ платиле 500.000 долари на Ким за да прослави токму кај нив.

Крајните пресметки велат дека Ким и Крис заработиле по 250.000 долари за секој ден што го поминале во брак.

Дополнително беше објавено дека за да го зголеми профитот на своето семејство, Ким поддала документи за развод само еден ден пред пуштањето во продажба на книгата на нејзината мајка, која носи наслов „Kris Jenner and All Things Kardashian“. Само неколку часа пред објавувањето на разводот, Ким преку својот Twitter го промовирала отворањето на новата продавница „Kardashian Khaos“.

Додека ја промовирала својата нова книга, Крис Џенер негирала дека Ким заработила од свадбата и додала дека Ким ќе ги донира своите свадбени подароци за хуманитарни цели. „Таа не заработи ниту цент, всушност, потроши милиони за свадбата... Сигурна сум дека Ким ќе направи дарежлива донација, тивко, како што прави секогаш, за прекрасна хуманитарна организација или болница за деца“ – изјавила таа.

Крис ЏенерКрис Џенер

Денес и Ким испрати порака до своите фанови, со објаснување дека се омажила од љубов и дека бракот не е измама како што се зборува.

„Прво и најважно, се омажив од љубов. Не можам да си поверувам дека морам да ја бранам таа моја постапка. Не би потрошила толку време на нешто ако тоа е само за ТВ шоу“ – пишува во соопштението на нејзиниот сајт.

„Бев на брз ролеркостер и не можев да слезам, а сега знам дека најверојатно требаше да го сторам тоа. Бев понесена од возбудата и снимањето на телевизиското шоу и кога требаше да ја прекинам мојата врска, не знаев како и не сакав да разочарам толку многу луѓе“ – пишува Ким.

„Има гласини дека заработив милиони долари од свадбата. Тие едноставно не се вистинити и многу ме растажува фактот што треба да го појаснувам тоа. Многу сум им благодарна на сите што издвоија време да дојдат на мојата свадба и ќе ги донирам парите од сите подароци во Dream Foundation. Жал ми е ако повредив некого, но татко ми секогаш ми велеше да го следам срцето и верувам дека сега навистина го правам тоа“ – се вели во писмото на Ким.

Измама или вистинска љубовна приказна со брз несреќен крај?

Tags
Ким Кардашијан
Крис Хамфрис

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.