Ким Кардашијан во блескав фустан за првпат на црвениот тепих со новото момче Пит Дејвидсон
Ким Кардашијан и Пит Дејвидсон беа гости на вечерата посветена на кореспондентите на Белата куќа.
На свеченоста одржана во хотелот „Вашингтон Хилтон“ во Вашингтон, 41-годишната ѕвезда од „Keeping Up with the Kardashians“ носеше блескава креација од Balenciaga која максимално ја оцрта нејзината фигура. Елегантниот стајлинг беше надополнет со обетки од Лорејн Шварц и фризура со „влажен ефект“.
28-годишниот комичар беше облечен во одело од Prada и патики од брендот Vans.
Ова е прво појавување на парот на „црвениот тепих“. Ким и Пит се во врска од октомври минатата година.
