Ќерката на Силвестер Сталоне се вери: Софија го покажа блескавиот дијамантски прстен, татко ѝ пресреќен
Софија Сталоне се вери со Мајкл Шихан на својот 30-ти роденден.
Најстарата ќерка на актерот Силвестер Сталоне ја сподели убавата вест со своите следбеници на Instagram заедно со фотографии од запросувањето.
„Засекогаш со мојот најдобар пријател“ – напиша таа покрај фотографиите, додавајќи симбол на бесконечност.
На фотографиите, 30-годишната продуцентка со насмевка го покажува впечатливиот дијамантски прстен.
Меѓу првите личности кои ѝ честитаа на Софија беа нејзините сестри, Систин и Скарлет, како и нејзиниот славен татко Силвестер.
Тој сподели фотографии на Instagram на кои позира со славеничката, сопругата Џенифер Флавин и идниот зет.
„Пресреќни сме поради свршувачката на нашата ќерка Софија со Мајкл!“ – напиша тој.
Свршувачката на Софија е особено интересна ако се земе предвид дека нејзиниот татко отсекогаш бил заштитнички настроен кон своите три ќерки.
Силвестер во минатото се има шегувано дека би сакал неговите ќерки никогаш да не се омажат. Во разговор со Софија и Систин во 2023 година, кога биле запрашани за нивниот љубовен живот, актерот духовито изјавил дека се надева дека ќе останат „стари моми“.