• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Керамика – вистински украс во секој дом!

24 октомври 2021, 19:30
  • cподели

Керамиката е една од најстарите и најраспространетите уметности, истовремено и најтешката и најкомплексната уметност за реализација. Каков е процесот? Се обликуваат делата, па по првично сушење, се пече предметот на 1000°C, потоа се црта на испеченото дело, се нанесуваат бои стаклени глазури за различна температура и следи печење во специјални печки на висока температура.

„Со керамиката никогаш не си сигурен што на крај ќе излезе. Секогаш е еден вид на магија! При првото печење, делото може да пукне, но најчесто кога знаеш што сакаш и го владееш процесот, излегуваат фантастични уметнички дела, кои едноставно воодушевуваат”, вели Елеонора Дуљанова, керамичар и применет уметник, која веќе втора деценија со прекини поради други проекти изработува дела од глина, брошови од кожа, црта на свила и перничиња, но и на парчиња облека.

Дела на Елеонора Дуљанова Дела на Елеонора Дуљанова Дела на Елеонора Дуљанова

Таа изработува керамички вазни, садови и други украсни предмети, кои се безвременски и се вистински украси во домот. Уникатни парчиња на уметност кои се трајна вредност! Керамиката е позната уште од палеолитоти антички времиња, како познатите Венери вилендорвска, нашата Мајка божица од Тумба Маџари и други предмети и садови, кои никогаш не губат на вредност и токму затоа се неизоставен дел од домовите. Традицијата на изработка на керамика најмногу се почитува и цени во развиените и побогати земји.

Дела на Елеонора Дуљанова Дела на Елеонора Дуљанова Дела на Елеонора Дуљанова

Керамичките дела се едни од најстарите материјали кои некогаш биле произведени од страна на човештвото. И покрај нејзината древност, керамика и денес има голема побарувачка.

Tags
Елеонора Дуљанова

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.