• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

„30 години заедно… а денес со едно празно место кое не може да се пополни“: Родителите на Ивона која загина во „Пулс“ неутешни на годишнината

4 ноември 2026, 12:29
  • cподели

Родителите на жртвите од пожарот во Кочани секојдневно живеат со незамислива болка по загубата на најмилите, кои им беа прерано одземени.

Стојка Антова често споделува емотивни пораки посветени на ќерката Ивона, која трагично го загуби животот во трагедијата. Секој празник, семеен повод и важен датум таа не прошушта да го спомене нивното единствено чедо кое веќе не е покрај нив.

На 30-годишнината од бракот, наместо да слават 3 децении заеднички живот исполнет со љубов, спомени и семејна среќа, скршените родители тагуваат по ќерката која секоја година знаела да ги изненади, да ги прегрне и да им го разубави посебниот ден.

„30 години заедно… а денес со едно празно место кое никогаш, никој и ништо не може да го пополни“ – напиша Стојка во трогателната објава посветена на нивната Ивона.

Мајката сподели дека нивната најголема желба е повторно да бидат тројца, да можат да го вратат времето и да ги доживеат моментите кои некогаш ги правеле среќно семејство.

Еве ја нејзината објава:

🌹 НАМЕСТО ДА СЛАВИМЕ… НИЕ ТАГУВАМЕ 🖤

30 години заедно, и во добро и во лошо, со љубов, соништа, радости и животни предизвици… Но никогаш, ниту во најцрните кошмари, не помислувавме дека ќе ни се случи она најлошото — дека животот ќе ни го земе најскапоценото, најдрагоденото, единственото наше чедо, нашата Ивона. 😭💔

Наместо денес да славиме сите заедно, како што славевме секоја година — со насмевки, музика, радост и семејна топлина, денес седиме завиени во црно, со солзи на образите и неизмерна болка во душите.

Денес не славиме, денес тагуваме, затоа што ти, наша најмила Ивонче, не си тука.

30 години љубов со татко ти, 30 години заеднички живот, а ти беше нашата најголема среќа, нашата гордост и најубавиот дел од тој живот. Секогаш знаеше да нè изненадиш со некое поклонче, со насмевка, со прегратка, со твојата неизмерна љубов.

А денес… каде си, чедо наше, да ни честиташ, да нè прегрнеш, да ни се насмееш, да ни го направиш денот посебен, како што само ти знаеше?

Откако те нема, ништо повеќе не е исто. За нас завршија празниците, славите, родендените и радостите. Не затоа што календарот престана да ги бележи, туку затоа што без тебе ја нема нивната смисла.

Сè што остана е тишината, празното место на нашата Ивонка, солзите што не пресушуваат и сеќавањата што понекогаш болат повеќе од самата болка. Секој ден без тебе е нова рана, секој здив е борба. Без тебе не сме цели, домот е празен, а срцата ни се скршени засекогаш. 💔

Одиме на твојот гроб, носиме цвеќе и солзи, зборуваме со небото, со ветрот, со тишината… А најмногу сакаме само уште еднаш да те видиме, да те прегрнеме, да ја почувствуваме твојата топлина и да ја слушнеме твојата насмевка.

Ивонче мое, светлина мајкина, душа што ми ја извадија од градите… Толку многу ми недостигаш што ни илјада зборови не можат да ја опишат празнината што ја остави зад себе.

Да можев барем уште еднаш да те прегрнам, уште еднаш да ја видам твојата насмевка што ни го разубавуваше секој ден, уште еднаш да те гушнам и да ти кажам колку многу те сакаме…

Денес не е празник, денес е потсетник колку боли кога го нема најмилото.

Триесет години заедно со татко ти, а најголемата желба ни е повторно да бевме сите тројца. Да можевме да го вратиме времето, да седиме заедно, да се смееме и да бидеме семејството што бевме пред да ни го распарчат животот. 😭

Моја гордост, моја душа, моја жива рано, наше единствено чедо, ангелу наш небесен…

Те сакаме бескрајно и ќе те сакаме додека постоиме. Нема ден, нема час, нема миг во кој не си во нашите мисли. Засекогаш ќе живееш во нас, во секое наше отчукување на срцето, во секој спомен и во секоја солза.

Без тебе, ќеркичке наша мила, ние не сме цели. Ни недостига твојата насмевка, твојата прегратка, твојот глас… Ни недостигаш ТИ, цела ти.

🌹 30 години заедно… а денес со едно празно место кое никогаш, никој и ништо не може да го пополни.

Те сакаат бескрајно, мамичка и татичко.

Засекогаш наша Ивона. Засекогаш наше единствено чедо. 🕊️🤍🌹
       ♾️😭🖤🪽Ivona Antova 🪽🖤😭♾️

Tags
Стојка Антова

Најнови

  • Мими Јовановска

    16 нови песни и најслаткиот фан: Мими Јовановска за новите албуми на „Бендот на браќа Нуне“ и синчето Никола

    Wed, 11/04/2026 - 13:50
  • „30 години заедно… а денес со едно празно место кое не може да се пополни“: Родителите на Ивона која загина во „Пулс“ неутешни на годишнината

    Wed, 11/04/2026 - 12:29
  • „Сестра, брат и шахта“ на Милчо Манчевски победи на Филмскиот фестивал во Токио

    Wed, 11/04/2026 - 11:52
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.