Погледнете ги рачно изработените дела на Елеонора Дуљанова, керамичар и применет уметник, која веќе втора деценија со прекини поради други проекти изработува дела од глина, брошови од кожа, црта на свила и перничиња, но и на парчиња облека.
Кожени брошови во форма на цвет, футроли од кожа, живописни лепези, накит од керамика, неповторливи марами од свила се меѓу шармантните предмети кои ги создава Елеонора Дуљанова.