Кејт од австралискиот „Survivor“ се крсти во Свети Наум, местото на кое ја побара за жена саканиот Борче
Кејт Глуфчис, позната како Кејт Каос, ја прими православната вера на едно од најубавите места во Македонија.
Австралиската танчерка, диџејка и ријалити ѕвезда од австралискиот „Survivor“ сподели фотографии од крштевањето во Свети Наум и откри дека местото има посебно значење за неа и за нејзиниот вереник Борче Кајмакоски кој токму таму ја побара да му биде жена.
Денес бев крстена во православната црква.
Имаше нешто навистина посебно во тоа што бев крстена опкружена со некои од моите најблиски пријатели и семејството, токму на истото место каде што Борче ме запроси.
Свети Наум, Македонија, секогаш ќе има посебно место во срцата на двајцата.
Чувствувам огромна благодарност што го споделувам ова патување со тебе, Борче. Не мислев дека е можно да станеме уште поблиски, но овој чекор кој го направивме заедно ми значи многу. Сознанието дека сега ќе се венчаме на место кое има толку големо значење за тебе го прави сето ова уште поспецијално. А јас сè повеќе уживам во запознавањето со православната вера и со неверојатното чувство на љубов, семејство и заедништво што таа го носи со себе – напиша Кејт.
Кејт сподели и фотографии од прекрасниот Охрид.
Кејт и Борче се верија на 13 јули 2025 година, откако тој ја запроси за време на нивниот престој во Македонија.
Нoќ за паметење 💍
Сè уште сум без зборови од најмагичното запросување што можев да го замислам. Момент кој никогаш нема да го заборавиме, опкружени со љубов, смеа и некои од најважните луѓе во нашите животи – напиша тогаш таа.
По свршувачката и крштевањето во Свети Наум, следен голем настан ќе биде нивната свадба.