Кефалонија, Итака, Меганиси... Катарина Ивановска на едрење со саканиот Стефан по грчките острови
Катарина Ивановска повторно ги одушеви своите следбеници, но овој пат не од модните писти, туку од тиркизните води на Јонското Море.
Заедно со саканиот Стефан Ханџиски, 36-годшниот модел уживаше во интимно и стилски едрење меѓу најмагичните грчки острови како Кефалонија, Итака, Меганиси, Атокос и Лефкада.
На нејзиниот Instagram профил можеме да ѕирнеме во ова нивно летно бегство полно со мир, љубов, природна убавина и стил. Катарина покажа дека вистинскиот луксуз е во слободата, морето и вистинската љубов покрај тебе.
Катарина и Стефан се во врска две години. Таа има две деца од претходна врска.
