• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

„Ќе те сакам секогаш, таму горе, тука долу“: Бившата девојка на синот на Синди Крафорд скршена по неговата прерана смрт

22 септември 2026, 10:46
  • cподели

Смртта на Присли Гербер ја потресе јавноста. Младиот модел, кој им беше син на супермоделот Синди Крафорд и бизнисменот Ренди Гербер, почина на 27-годишна возраст во установа за рехабилитација во Санта Моника, Калифорнија. Точната причина за смртта не е официјално потврдена.

Според првичните информации, Присли наводно се предозирал, по што доживеал срцев застој.

По веста за смртта, неговата поранешна девојка Шарлот Д’Алесио сподели емотивна посвета на Instagram Story, објавувајќи низа фотографии и видеа од времето коешто го поминале заедно.

Д’Алесио и Присли беа во врска околу две години. По разделбата, двајцата продолжија со своите животи, но нејзините пораки покажуваат дека спомените од нивната врска и понатаму ѝ значат многу.

„Имавме искрена љубов со тебе и за тоа ти благодарам и го почитувам твојот живот. Заслужуваше повеќе време. Заслужуваше повеќе живот. Многу сум лута поради ова“, напиша Шарлот на фотографија на која таа и Присли се прегрнуваат.

Таа објави и црно-бела фотографија од нив двајцата, на која додаде уште една емотивна порака:

„Ќе те сакам секогаш, таму горе, тука долу. Никогаш не се сомневај во тоа. Сите многу те сакаме. Се надевам дека можеш да го почувствуваш тоа.“

To view this video please enable JavaScript, and consider upgrading to a web browser that supports HTML5 video

Присли беше единствен син на Синди Крафорд и Ренди Гербер, кои се родители и на манекенката Каја Гербер. Како и неговата мајка и сестра, тој изгради кариера во модната индустрија и соработуваше со познати брендови како Calvin Klein, Dolce & Gabbana, Tommy Hilfiger и Burberry.

Во последните години, Присли отворено зборуваше и за своите проблеми со менталното здравје и зависностите, а преку социјалните мрежи се обидуваше да поттикне искрени разговори за овие теми.

Неговото семејство по веста за смртта побара приватност во овој тежок период. Од канцеларијата на медицинскиот истражител на округот Лос Анџелес соопштија дека дополнителни испитувања ќе бидат потребни за да се утврди причината за смртта, а процедурата може да потрае.

Tags
Присли Гербер

Најнови

  • „Ќе те сакам секогаш, таму горе, тука долу“: Бившата девојка на синот на Синди Крафорд скршена по неговата прерана смрт

    Tue, 09/22/2026 - 10:46
  • „Мајко моја, дојдов кај твојот вечен дом да ти честитам роденден“: Бојан Илиевски емотивен на роденденот на покојната мајка

    Tue, 09/22/2026 - 09:54
  • Од модерна кратка венчаница до невестинскиот фустан на мајка ѝ: Атрактивната Ана од Штип за гламурозната свадбена прослава

    Tue, 09/22/2026 - 09:33
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.