• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Музика

„Ќе те кренат, па те газат, од секој збор скандал прават“: Тамара Тодевска ја објави моќната балада „Кукла жива“

11 јуни 2026, 12:04
  • cподели

„Ќе те кренат, па те газат, од секој збор скандал прават...“ пее Тамара Тодевска во својата нова песна „Кукла жива“, која е носечки сингл на истоимениот албум.

Музиката и текстот ги потпишуваат Коста Петров и Тамара Тодевска, песната е во продукција на Емин Џијан, додека визуелниот дел е режиран од Мартин Трајановски во Takat Studios.

Станува збор за песна инспирирана од животот и кариерата на Тамара Тодевска, исполнета со успеси и падови, осуди и пофалби, но и со постојаната борба да останеш свој во свет полн со очекувања и предрасуди. Впрочем, во „Кукла жива“ може да се пронајде секоја девојка и жена кои биле принудени да глумат, да не бидат свои, да ги задоволат критериумите на општеството, а не своите потреби и желби.

„Кукла жива“ е песна на мојот живот! Истовремено е и многу моќна, но и автентична, силна и суптилна. „Кукла жива“ не е само мојот живот, тоа е животот на многу девојки, жени, но верувам и мажи - сите принудени да задоволиме наметнати стандарди за успех и квалитет. Ја почувствував уште од првиот момент. Ме расплака, ме врати во живот и ми го покажа патот кон новата ера. Во тоа е моќта на оваа песна - посочува Тамара.

Еден од авторите на песната „Кукла жива“, Коста Петров, открива дека за новиот музички проект на Тамара биле создадени повеќе од 30 песни, а во финалниот избор влегле само 10.

Ако треба да одберам една песна што најдобро ја опишува Тамара како уметник, како жена и како човек – тоа е токму „Кукла жива“. Од повеќе од 30 создадени композиции, токму оваа песна остана онаа што најсилно го дефинира целиот албум и неговата порака - вели Петров.

„Кукла жива“ е насловната композиција од истоимениот албум кој содржи 10 нови песни и претставува прв визуелен албум создаден во Македонија. Во наредниот период Тамара Тодевска ќе ги претстави и останатите песни од проектот, а кулминацијата ќе биде големиот концерт и концертна промоција на албумот на 3 октомври во арената „Борис Трајковски“ во Скопје.

Tags
Тамара Тодевска

Најнови

  • Водителката Александра Пановска Илиевска со ќеркичката и сопругот на одмор во Хрватска

    Fri, 07/10/2026 - 15:50
  • Бимилк со поддршка на Народен театар Битола

    Бимилк станува партнер на НУ Народен театар - Битола за поддршка на културата и уметноста

    Fri, 07/10/2026 - 15:03
  • „Немав пари да си го погребам детето, немав за леб, за ништо“: Јулија Мациевска за трагичните моментите кога ја изгуби ќерката од рак

    Fri, 07/10/2026 - 14:30
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.