• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

„Ќе бидеш неверојатна: Отворено писмо до мојата бремена најдобра пријателка“

24 јануари 2019, 11:40
  • cподели

Мајка на три деца ѝ напиша отворено писмо на најдобрата пријателка, која го очекува првото дете, за да ѝ го намали стравот од неизвесноста и да ѝ порача дека ќе биде неверојатна мајка.

Оливија Вилијамс призна дека со нетрпение го очекува раѓањето на бебето на нејзината пријателка и дека се радува за неа.

„Мојата најдобра пријателка го очекува своето прво бебе. Многу сум возбудена поради идејата дека мини верзии од нас ќе трчаат наоколу заедно постојано.“

„Да го очекуваш своето прво бебе е голема работа. Но, да го очекуваш првото бебе на твојата најдобра пријателка е екстра неверојатно, бидејќи ќе ја добиеш целата радост и гушкање од вкусно новородено бебенце во кое ќе се вљубиш, без да имаш епизиотомија. Тоа ми одговара“ – вели Оливија.

Еве го нејзиното писмо:

Трудница

Моја прекрасна пријателке,

Го можеш ти ова.

Знам дека си загрижена. Знам дека си исплашена. Сè што се протега пред тебе во моментов е една голема, неверојатна и застрашувачка мистерија. Се прашуваш каква мајка ќе бидеш и дали ќе бидеш добра мајка. Она што го знам, а го знам со сигурност, е дека го можеш ти ова.

Ќе бидеш неверојатна.

Сум те гледала со моите деца. Без разлика дали се сомневаш во себе (како што правиме сите), или се прашуваш дали ќе бидеш добра мајка, јас немам никаков сомнеж. Со моите деца, ти си љубезна, трпелива, забавна и полна со љубов. Ќе бидеш сето ова и многу повеќе со сопствените. Го имаш најголемото срце од сите што ги познавам. Твоето бебе е среќник.

Барај ја мојата помош. Сериозна сум.

Сакам да ти кажам дека кога твоето бебе ќе пристигне, можеш да ми побараш помош. Знам дека сметаш дека не можеш, бидејќи јас имам три мали деца. Но, ти кажувам дека можеш. Ако можам да ти помогнам, ќе ти помогнам. Сакам.

Сакам да ти кажам дека кога твоето бебе ќе пристигне, можеш да ми побараш совет. Но, не мора да го прифатиш. Нема да ти пререкувам што сакаш да го пронајдеш твојот пат, ќе славам за тоа. Сакам да ти кажам да го земаш со резерва секој совет што ќе ти биде даден, добронамерен или не.

Јас ќе бидам неверојатна тетка.

Сакам да ти кажам дека ќе го обожавам твоето бебе. Знаеш колку ги сакаше ти моите? Секое едно од нив? Иако и двете бевме сигурни дека не ни се допаѓаат мали деца пред да ги имаме. Но, како што ги сакаше моите мали деца, јас ќе ги сакам твоите.

Сакам да знаеш дека ако можам, ќе шетам низ болничките ходници додека се пораѓаш – ќе чекорам загрижена и возбудена. Ќе пијам одвратно кафе од пластична чаша, сакајќи да бидам првата личност на која ти и твојот сопруг ќе ѝ го претставите вашето мало човече кога ќе се роди.

Се гордеам со тебе!

Сакам да ти кажам дека без разлика како ќе се справиш, јас ќе се гордеам со тебе. Без разлика дали ќе ставиш епидурална или не, без разлика дали твоето бебе ќе спие добро или воопшто нема да спие, без разлика дали никогаш нема да се жалиш дека си истоштена или пак секој ден ќе се жалиш, без разлика дали ќе воспоставиш рутини или секој ден ќе ти биде приказна сама за себе.

Ќе се гордеам со тебе без разлика како ќе се справиш и колку пати ќе се почувствуваш како неуспешен родител. Бидејќи нема шанси да не успееш.

Не одам никаде.

Сакам да ти кажам дека јас ти сум семејство. Ќе бидам тука долго време: моите деца, твоите деца, нашите деца – семејство.

Сакам да ти кажам дека ние секогаш ќе бидеме ние – забавни, откачени, чудесни. Доволно зрели, но сепак премногу забавни за да се грижиме.

Иако има повеќе од нас сега, ние сè уште можеме да бидеме јас и ти.

Многу нешта во твојот живот ќе се променат сега, но едно нешто ќе остане исто – НИЕ.

Ќе имаш бебе!

Го можеш ти ова.

Те сака,
Твојата најдобра пријателка

Tags
мајка

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.