• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

„Ќе бидат ангели чувари на ова гратче“: Пробиштип не ги заборави Матеј и Никола кои загинаа во „Пулс“, а годинава ќе беа матуранти

22 мај 2026, 13:37
  • cподели

Во вечер исполнета со емоции, матурантите од Пробиштип им оддадоа почит на своите другари кои трагично ги загубија животите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Матеј и Никола оваа година требаше да бидат дел од матурската прослава, па нивното отсуство најсилно се чувствуваше токму на вечерта која требаше да биде една од најубавите во нивниот живот. 

Со зборови полни болка, мајката на Матеј, Јасна Марковска, сподели видео од емотивниот говор и пуштањето бели балони кон небото. Таа испрати порака која допре многумина.

„Пробиштип уште еднаш покажа чест и почит кон нашите ангели Матеј и Никола кои вечерва требаше да бидат матуранти. Верувам дека ќе бидат ангели чувари на ова наше градче кое не ги заборави ни за миг и особено на матурантите кои вечерва ќе слават и за нив“ – напиша таа.

Спомените за младите момчиња и понатаму живеат меѓу нивните најблиски.

„Не постои збор кој би бил утеха, со кој би се избришала таа бескрајна болка. Не постои магија со која би се променило тоа болно минато... Не постои прегратка која ќе ги избрише солзите на една мајка, на еден татко, на баба и дедо, на другар, на пријател или на цел народ кој тагува до небесата и назад. Не постои човек, кој ќе создаде мевлем за таа рана...“.

„Но, постои Бог на небесата и само тој знае зошто ни дава за еден ден навидум да ни земе. Постои Бог кој ги одбира најчистите, оние најбезгрешните, оние поради кои постои вечноста. А тој само навидум ни ги зема за да разбереме колку е неубаво без нив. Нека ви е светол патот меѓу ѕвездите, ангели наши. Вашата генерација никогаш нема да ве заборави“ – се зборовите од говорот посветен на Матеј и Никола.

Матеј и Никола беа соученици и седеа во иста клупа, а по несреќата, нивната поранешна наставничка Елена Накова сподели трогателна порака за нив.

Пораката можете да ја прочитате ТУКА.

Tags
пожар во Кочани

Најнови

  • „Ќе бидат ангели чувари на ова гратче“: Пробиштип не ги заборави Матеј и Никола кои загинаа во „Пулс“, а годинава ќе беа матуранти

    Fri, 05/22/2026 - 13:37
  • Хорот од ООУ „Кузман Јосифовски - Питу“

    „Скокавме од радост и извикувавме 'Македонија, Македонија'“: Маестро Верче и хорот од „Кузман Јосифовски - Питу“ триумфираа во Италија

    Fri, 05/22/2026 - 12:14
  • „Луѓето мислеа дека е бомба“: Рики Мартин ја разигра Црна Гора, концертот накратко прекинат поради солзавец

    Fri, 05/22/2026 - 11:46
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.