Непосредно пред големиот празник Илинден, Катарина Ивановска го посети Крушево заедно со двете деца.
Македонската убавица се фотографираше со своите наследници – ќерката Кира и синчето Вања.
Уживање во локални јадења, посета на Македониумот, параглајдинг авантура... 37-годишната модна ѕвезда сподели слатки моменти од посетата на шармантното гратче.
На едно од објавените видеа, тие се разминуваат со илинденската коњаница.