Каролина Гочева и Михаил Корубин уживаа на романтична пролетна авантура во магичната Венеција.
За време на посетата, македонскиот пар присуствуваше на Венециското биенале на уметноста, едно од најзначајните и најпрестижни светски случувања посветени на современата уметност, архитектурата, филмот, танцот, театарот и музиката, кое секоја година привлекува уметници и љубители на културата од целиот свет.
Атрактивната пејачка на социјалните мрежи сподели серија фотографии од патувањето. Во лежерни, но внимателно стилизирани модни комбинации, нашата музичка ѕвезда изгледаше шик и модерно додека позираше низ живописните италијански улички, покрај романтичните канали и препознатливите венецијански мостови.
Покрај културните знаменитости и уметничките изложби, парот уживаше и во автентичната италијанска атмосфера, прошетките и пловењето по каналите по кои Венеција е препознатлива.
Каролина и Михаил го посетија и македонскиот национален павилјон, каде е поставено и делото „Пиета во прекривките на ургентноста“ на нашиот уметник Велимир Жерновски.
Каролина Гочева и Михаил Корубин се во врска повеќе од една деценија, а својата љубов ја крунисаа со брак во 2017 година.
