Каролина Гочева префинета ѕвезда со накит Rebecca на музичкиот настан A1 World of Music во Скопје
Каролина Гочева заедно со Македонската филхармонија ја распеа публиката на музичкиот настан A1 World of Music, организиран по повод ребрендирањето на телекомуникациската компанија оне.Вип.
„Македонското девојче“ безгрешно ги пееше своите понови хитови, а и ги потсети обожавателите на своето музичко минато со „За нас“.
39-годишната пејачка за стајлингот повторно ѝ се довери на долгогодишната стилистка Цаци Паковска. Широките црни панталони и светлата кошула беа надополнети со впечатлив колан и блескав накит од колекцијата „Skyline“ од италијанскиот бренд Rebecca, кој има продажен салон во ТЦ Рамстор во Скопје.
Видео
ФОТО: Филип Вирановски / Femina.mk