• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Чисто пријателски

Капучино без етикета, Ве молам!

12 април 2013, 08:57
  • cподели

Фрлени во културен вортекс и анемичност, со неретко намален капацитет за квалитетна конзумација, општото мнение конечно ја уби индивидуалноста. Во име и чест на сите етикети за да можеме да се препознаеме на улица, Амин.

Не е делузивност и ароганција да не те интересираат Големиот брат, турските серии и по некоја закрпена политичка парола, само за да можеш бар на кафе да се одмориш од напорот и досадата. Не велам дека е мало барање, не е, напротив, јас сум сериозно и цврсто убедена дека да посакав розово пони за мојот сега скоро 23 роденден ќе беше поверојатно да го добијам тоа, него луѓето да престанат да лепат етикети по што и кој ќе стигнат.

Етикетирање

Е сега, надвор од алтруистичкиот филм и желбата за мир во светот, немам јас проблем со налепниците цело време. Туку само кога доаѓам со нив во директен или индиректен контакт па морам да се подложам себе на неколку часовна тортура околу објаснувањето зошто е она _______, а зошто е он _______(слободен избор на зборови), ако не дај Боже, ми се испушти да почнам да зборувам против ваквото симплифицирање на индивидуата.

Кога ги слушам овие разговори или кога по игра на околности сум дел од нив, имам една ментална слика во глава на супермаркет и рафт полн со производи на кои скоро да им поминал рокот на траење. Како луѓето да се тегли полни со различни состојки и упатства за употреба, па така и треба да се третираат. Да се стават на прецизирана полица, да се конзумираат три пати во неделата, зготвени по рецепт со или без сос од печурки.

Без наметнат морал и измислени гревови, остануваме да се занимаваме со сопствениот живот, а тоа е потешка мисија од оваа претходнава. „Тој што е безгрешен нека ја залепи првата етикета“ парафразирано во име на целта.

Со толку многу тежнеење кон либерализација, сè уште сме во интимата на нашето размислување и јавните говори во темната ера.

Декларативно одбивам таква ретроградна, средновековна концепција. Прво, затоа што не верувам дека било кој може да биде толку едноставен за описот да му биде само еден единствен збор, поим, кој како милува, ко да социјалните релации се базираат на квиз шоу и асоцијации. Второ, затоа што ова не е добронамерна, конструктивна критика за нечиј карактер, туку потреба за да се изврши припадност, деградација или конформирање со цел егоцентричното Јас да исплива на површина со целата своја величенственост.

Прости ни Боже за гревовите, за мене, едно капучино без етикета, Ве молам!

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.