Канео, Свети Наум... Тенисерката Јелена Докиќ одушевена од убавините на Охрид каде ужива со Македонецот Јане
Јелена Докиќ моментално престојува во Македонија, родната земја на нејзиниот партнер Јане Веселинов. Среќниот пар најпрво го посети Скопје, а сега ужива во Охрид.
43-годишната тенисерка јавно кажува дека е одушевена од убавините на нашата земја. Таа сподели фотографии од посетата на црквата Св. Јован Канео и манастирот Свети Наум, како и од пловењето со кајче на Црн Дрим.
„Најмагичната недопрена природа и историја, стара илјадници години.💦🌳🏞️💙💚❤️
Црн Дрим и манастирот Свети Наум.
Истражување на неверојатни места со најневеројатните луѓе.
Мојата љубов и семејство“ – напиша таа.
„Од туристички жаришта низ целиот свет… до тоа да станам турист во мојата земја. 🇲🇰❤️
И WOW… Охрид, целосно ми го украде срцето. 💙
Кристално чисти води, вековни манастири, магични извори, незаборавна храна и видот на гостопримство кој ве потсетува зошто ова место е толку посебно. Секој агол имаше приказна, секој оброк се чувствуваше како дома.
Но најдобриот дел? Споделување на сè со моето семејство и гледање како љубовта на мојот живот Јелена Докиќ ја доживува Македонија за прв пат. Гледањето на мојата земја низ нејзините очи ме натера повторно да се заљубам во неа“ - напиша Јане.
Докиќ е родена во Хрватска и живее во Австралија. Таа беше врвна тенисерка која се проби во светскиот врв на почетокот на 2000-тите години, остварувајќи го својот најголем успех во 2002 година кога го достигна четвртото место на WТА-листата и полуфиналето на Вимблдон. Покрај импресивните резултати на теренот, нејзината кариера беше длабоко одбележана и со тешки животни предизвици, кои подоцна храбро ги сподели во својата автобиографија инспирирајќи милиони лица ширум светот.