Катиа Донева ќе ја претставува нашата земја на јубилејното 75. издание на Мис Универзум.
Русокосата убавица, позната и како македонската Барби, ќе учествува на изборот за убавина кое ќе се одржи во Сан Хуан, Порторико, на 24 ноември 2026 година.
„Од срцето на Балканот, каде што древната историја се спојува со безвременската сила и блескавата убавина, до светската сцена.
Запознајте ја Катиа Донева, Мис Универзум Македонија 2026.
Жена со софистицираност, сила и блескава самоувереност, која ќе ја претставува Македонија на 75. издание на изборот за Мис Универзум.
Ја има нашата целосна поддршка во ова ново поглавје! 👑“ – пишува на Instagram профилот на Мис Универзум.
Донева веќе неколку години чекори на меѓународната модна сцена. Атрактивната девојка, која ѝ е сестра на водителката Верица Донева, неодамна беше дел и од престижната Париска модна недела.