• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

КАМ се приклучи кон инвестицијата за поставување на првите вендинг-машини во Струга и Охрид, како дел од активностите за заштита на животната средина

5 август 2024, 11:51
  • cподели

Општвената одговорност и грижата за средината отсекогаш се примарна водечка мисла во работните активности на компанијата КАМ, поради што во соработка со „Пакомак“ беа инсталирани првите вендинг-машини во дел од КАМ маркетите во Охрид и Струга, каде што секој граѓанин ќе може да се вклучи во одговорно селектирање на отпадот. Во машините ќе може да се остават пластични амбалажи и лименки, а секој одговорен граѓанин ќе „собира“ зелени поени кои носат голем број предности кои ќе можат да се искористат во малопродажната мрежа на КАМ и останати маркети.

Следејќи ја својата корпоративна општествено одговорна стратегија, КАМ инсталираше вендинг-машини во маркетите во четири градови: Крива Паланка, Струмица, Охрид и Струга, а во следниот период оваа акција ќе ја имплементира во 15 КАМ-локации низ поголемите маркети во земјава.

Кам

Менаџерскиот тим на КАМ со овој потег го става фокусот на екологијата и се фокусира на компаниската цел да ги мотивира своите лојални потрошувачи да се вклучат во исклучително важна приказна којашто ќе помогне да се минимизира отпадот и да се подобри квалитетот на живот во секој град во Македонија.

„Сметаме дека секоја активност што го подобрува нашето општество е вредна за да се вложиме во неа, а среќни сме што нашите купувачи нè следат во секој општествено одговорен аспект од самиот почеток. Секако, ова не е само една акција на која ќе се посветиме. За еколологијата и подигање на свеста на луѓето за ова прашање континуирано мора да работиме и да ја развиваме заеднички, без разлика дали на компаниско или индивидуално ниво. Се надеваме дека нашиот пример ќе биде мотив да се вклучат и останатите компании, за да направиме една подобра, поздрава и почиста земја“ – велат од менаџментот на КАМ.

Преку бесплатната апликација „Пакомак“, наречена „Ecomac“, секој купувач ќе може да го скенира баркодот кој се појавува на апликацијата и по фрлање на отпадот во вендинг-машината ќе добие зелени поени кои носат ваучери за попусти, како и попусти при плаќање јавни услуги, комунални трошоци, донации итн. Секој корисник на мобилната апликација има свој личен баркод кој е „поврзан“ само со неговата лична одговорност и еколошка свесност.

Во иднина КАМ останува отворен за соработка за нови креативни проекти кои се насочени да ја подобрат средината во која живееме и еколошката состојба во која секој од нас работи и придонесува.

Комерцијален текст

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.