• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

КАМ маркет со донација од 37 илјади евра до службите кои се борат против пандемијата и социјално загрозените семејства

5 октомври 2020, 12:52
  • cподели

Во соработка со Црвениот крст на Република Северна Македонија, компанијата КАМ доо летово дистрибуираше донации за 675 социјално загрозени семејства низ нашата земја (Битола, Валандово, Радовиш, Ресен, Струмица, Тетово, Гази Баба, Кисела Вода, Карпош, Илинден и Аеродром). Социјалните пакети беа со единечна вредност на пакетот од околу 1000 денари, или вкупно 10.222 евра, односно 633.825 денари.

КАМ маркет КАМ маркет КАМ маркет

Нашата компанија продолжува да соработува и со уште 18 општини на ниво на Р.С.Македонија, заеднички да им се помогне на загрозените и да им се пружи безрезервна поддршка на уште 1200 семејства, со вкупна донација во износ од 18.174 евра односно 1.126.800,00 денари.

Доставени се 1020 донации со пакети со храна и средства за хигиена во вкупна вредност од 957.780,00 денари (15.500 евра) до домовите на социјално загрозени семејства во следните 16 општини: Штип, Кавадарци, Велес, Гостивар, Дебар, Кичево, Кочани, Крива Паланка, Куманово, Гевгелија, Неготино, Струга, Сарај, Бутел, Чаир и Ѓорче Петров.

Во тек е поделба на донации и за социјално загрозени семејства за Општина Прилеп и Општина Охрид во вредност од 169.020 денари.

За повеќе институции, КАМ обезбеди донации во вид на 570 ваучери за пазарување во вредност од по 1000 денари или вкупно 570.000 денари (односно 9200 евра) за да им помогне и да им го олесни работењето на 570 вработени во инфективните одделенија во општите болници, кои деноноќно се ангажирани во борбата против корона пандемијата и последиците по здравјето на граѓаните на нашата земја.

КАМ маркет КАМ маркет КАМ маркет КАМ маркет КАМ маркет

До сега поделени се 481 ваучери за пазарување во вредност од по 1000 денари во вкупна вредност од 481.000 денари (односно 7760 евра) за вработените во инфективното одделение кои се најдиректно инволвирани во борбата со вирусот COVID-19 во следниве здравствени установи: Универзитетска Клиника за инфективни болести Скопје, Градската општа болница „8. Септември“, Центарот за јавно здравје Скопје, ЈЗУ Гостивар , ЈЗУ Дебар, ЈЗУ Кичево, ЈЗУ Струмица, ЈЗУ Охрид, ЈЗУ Прилеп, ЈЗУ Штип и ЈЗУ Велес.

Во тек е поделба на уште 89 ваучери во вредност од по 1000 денари или вкупно 89.000 денари (1435 евра) за 89 вработените во инфективните одделенија на следниве здравствени болници: ЈЗУ Битола, ЈЗУ Кавадарци, ЈЗУ Куманово и ЈЗУ Тетово.

Како општествено одговорна компанија, КАМ доо настојува да дејствува во склад со локалната заедница и да има слух за нејзините потреби, а тие вредности особено доаѓаат до израз во вонредни ситуации, кога е неопходно да се биде присутен, солидарен и да им се пружи поддшка и помош на оние на кои во овој период имаат клучна улога во грижата за целото општество.

КАМ маркет КАМ маркет КАМ маркет КАМ маркет КАМ маркет

Соодветно на потребите, КАМ доо и понатаму ќе продолжи да им помага на сите институции и поединци коишто имаат потреба, а кои цело време неуморно и несебично се трудат да ја работат својата работа најдобро што умеат во спречувањето на ширењето на пандемијата и давањето помош на оние на коишто таа им е потребна.

КАМ ќе продолжи да дејствува за општото добро, како дел од спроведувањето на стратегијата на општествено одговорно работење и хуманитарно делување, и во склад со тоа компанијата веќе во текот на август ќе реализира натамошни донации.

Tags
КАМ маркет

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.