• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Како сестри: Младоликата Џесика Алба и 18-годишната ќерка привлекоа внимание на УС Опен

15 септември 2026, 13:31
  • cподели
Алба и Хонор

Џесика Алба уживаше во спортски викенд во друштво на својата ќерка Хонор Ворен, а нивното појавување на УС Опен не помина незабележано.

45-годишната актерка и нејзината 18-годишна наследничка позираа прегрнати пред фотографите, а многумина коментираа дека повеќе наликуваат на сестри отколку на мајка и ќерка.

Џесика избра лежерно елегантно издание со крем фустан и светлосив џемпер од кашмир. Стајлингот го надополни со чанта Fendi, златни алки и слоевити ланчиња.

Хонор се појави во кариран фустан со халтер деколте, кој го комбинираше со црна чанта и златен накит, следејќи го стилскиот пример на својата славна мајка.

Двете се особено блиски, а во јуни ја одбележаа полнолетноста на Хонор со исти тетоважи по повод нејзиниот 18-ти роденден.

Алба ја доби Хонор во бракот со филмскиот продуцент Кеш Ворен. Поранешните сопружници се родители и на ќерката Хејвен, родена во 2011 година и синот Хејс, роден во 2017 година.

Џесика и Кеш ставија крај на својот брак во 2025 година, по 16 години брачен живот. Актерката во меѓувреме продолжи понатаму на љубовен план и започна романса со актерот Дени Рамирез, кој ја придружуваше на УС Опен.

Tags
Џесика Алба

Најнови

  • Милена

    Нема да ви се верува дека е пред породување: Србинка го покажа малото стомаче во 38. недела од бременоста

    Wed, 10/07/2026 - 21:20
  • ЕДС

    Поевтина струја + вреден подарок, ЕДС со нова понуда за компаниите

    Wed, 10/07/2026 - 15:34
  • 25 години СОС Детско село – четврт век поддршка што менува животи

    Wed, 10/07/2026 - 15:29
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.