„Како дедо со внука“: 65-годишниот Шон Пен и 30-годишната девојка поттикнаа многу коментари
Неколку денови откако беше критикуван затоа што на манифестацијата Златен глобус пушеше цигари во самата сала, Шон Пен повторно стана мета на многу коментари, но овој пат за неговата врска.
65-годишниот актер беше фотографиран со значително помладата Валерија Ников.
Холивудската ѕвезда ја држеше за рака 30-годишната манекенка за време на прошетка во Санта Моника, Калифорнија, а многумина не штедеа зборови за да ја потенцираат разликата во возраста, но и да се осврнат на неговиот изглед.
„Изгледаат како дедо и внука“, „Да не беше славен, таа немаше ни да го погледне“ – се само дел од коментарите под медиумските објави.
Пен и Наков првпат се појавија на свеченост како пар во декември 2024 година.
Љубовниот живот на Пен отсекогаш привлекувал внимание. Тој беше во брак со Мадона од 1985 до 1989 година, со Робин Рајт од 1996 до 2010 година и со австралиската актерка Лејла Џорџ од 2020 до 2022 година. Исто така, беше во врска со Шарлиз Терон, Скарлет Јохансон и актерката Олга Коротјаева.