• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Промо

Како да ја заштитите вашата кожа од високите температури и штетните сончеви зраци за време на летните горештини?

28 јули 2025, 10:27
  • cподели

Летото е во полн ек, а сезоната на базени, плажи и костими за капење е отворена веќе одамна! Сонцето нè повикува да излеземе надвор и да уживаме во долгиот ден и високите температури, но пред да го направиме тоа треба да бидеме сигурни дека сме соодветно заштитени од сончевите зраци. Во продолжение неколку совети како да го направите токму тоа.

Ултравиолетовите (UV) зраци на Сонцето се всушност оние на кои треба да се внимава, бидејќи иако тие ја сончаат кожата и ѝ го даваат оној често посакуван потемен тен, сепак можат да имаат и штетно влијание. А еден од најефикасните начини кожата да се заштити од штетните UV зраци е превентивата, односно нанесувањето на крема или масло со заштитен фактор пред секое изложување на сонце. Заштитниот фактор ја штити кожата од директно влијание на сончевите зраци, и може да обезбеди заштита за сите типови кожа – со различен фактор на заштита. Во топлите летни денови, се препорачува користење на заштитен фактор од најмалку SPF30 или повеќе, за најдобар ефект.

dm Sundance

Нанесувањето крема за заштита од сонце е само првиот чекор на заштита и оној наједноставен, најлесен начин да се намали штетното влијание на сончевите зраци. Но, тоа не значи дека сепак не треба да се внимава и кожата да се изложува на сонце по секоја цена.

Дури и откако ќе се нанесе заштитен фактор, добро е чувствителните делови од кожата да се сокријат од сонцето. Особено на лицето, каде што кожата е посебно нежна и секоја дамка, изгореница или рана е многу лесно видлива. Шапката и очилата за сонце се задолжителен дел од летната гардероба и најдобро е да бидат ставени во употреба при секое напуштање на домот и изложување на сонце.

Но, важно е да се внимава на периодите од денот кога сончевите зраци се најсилни и да се ограничи движењето на отворено во тие часови. Затоа, паметно е денот да се започне што порано и да се искористат пријатните утрински сончеви зраци што е можно повеќе. Но, кога часовникот ќе отчука пладне, најдобро е да се побара сенка и да се остане под неа во наредните 4-5 часа, затоа што сонцето не простува во овој дел од денот.

Во оваа сезона, не заборавајте да ја разгледате dm Sundance колекцијата, која нуди широк спектар на производи за заштита од сонце, вклучувајќи креми со висок заштитен фактор, масла и лосиони кои се специјално формулирани за да ја заштитат вашата кожа од штетните UV зраци. Овие производи не само што обезбедуваат заштита, туку и хидратација и нега на кожата, што е особено важно во летните месеци.

Ова се само неколку совети кои ќе ви помогнат да останете безбедни и да ја одржите кожата здрава и заштитена од штетни влијанија и предвремено стареење. Секако дека дел од грижата за себе се и редовните проверки за нови рани, знаци на промена на кожата или било какви дамки кои делуваат сомнително, кои веднаш откако ќе бидат забележани треба да бидат пријавени кај матичниот лекар или кај дерматолог.

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.