• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Како AI технологијата помага да го продолжите животот на вашите омилени парчиња облека

27 септември 2022, 12:05
  • cподели

Која температура на перење е најсоодветна за вашата облека? Како најбезболно да го сушите деликатниот материјал? Веројатно си ги имате поставено овие прашања барем еднаш во животот. Дамките и расипаните патенти не значат дека треба да се збогувате со вашите омилени парчиња облека. Во продолжение откриjте го единствениот вистински одговор за продолжување на животниот век на вашите омилени парчиња облека.

Опремена со голем капацитет и дизајнирана да заштеди простор, комбинираната машина за перење на Samsung - Bespoke AI нуди моќни и сигурни перформанси кои заштедуваат енергија и ресурси на корисниците. Најодржливата, ефикасна и најинтелигентна комбинирана машина за перење на Samsung досега се карактеризира со феноменален дизајн и функционалност.

Samsung

Поголема заштеда со поголеми придобивки

Bespoke AI е најновата комбинирана машина на Samsung која користи предно полнење и нуди неверојатни придобивки при користење, но и ефикасност која им овозможуваат на корисниците ширум светот да заштедат енергија, вода и детергент благодарение на одржливоста заснована на вештачка интелигенција.

Bespoke AI ја нуди функцијата AI Ecobubble за брзо претворање на детергентот во меурчиња кои алиштата веднаш ги апсорбираат. Со примена на технологијата Ecobubble, машината за перење заштедува до 70 проценти од енергијата - и обезбедува иста чистота на облеката, дури и во ладна вода. Исто така, оваа технологија го подобрува отстранувањето на дамките за 24% и обезбедува подобра нега на влакната за 45,5%, што резултира со почиста и подобро негувана облека.

Корисниците исто така можат да ја намалат потрошувачката на енергија благодарение на AI Wash Cycle, паметна функција која темелно и нежно ги мие алиштата со помалку вода и детергент. Со регистрирање на тежината и мекоста на ткаенината при секое полнење и анализирање на степенот на центрифугирање, функцијата AI Wash Cycle активно го следи моменталното ниво на извалканост на алиштата. Со одредување на совршената количина на вода и детергент преку функцијата за автоматско празнење и постојано прилагодување на времето на киснење, плакнење и вртење на барабанот, оваа функција брзо и ефикасно ги постигнува најдобрите резултати за перење.

Samsung

Кога станува збор за сушење алишта, машината за сушење Bespoke AI нуди и различни опции за заштеда на енергија. Технологијата на пумпата за греење на воздухот на сушарите Bespoke AI обезбедува енергетски поефикасен, поекономичен и нежен начин за сушење алишта. Со енергетски рејтинг од A+++, машината за сушење Bespoke AI ја користи еколошката технологија на дигитален инвертер компресор за најбрзо и најефикасно можно сушење на алиштата. Технологијата AI Dryпостојано ги следи температурата и влажноста и прави прилагодувања така што алиштата оптимално се сушат без непотребна потрошувачка на енергија.

И, конечно, како и кај сите други уреди од линијата Bespoke, двата дела на комбинираната машина за перење со предно полнење се интегрирани со услугата SmartThings, која им овозможува на корисниците да ја контролираат потрошувачката на енергија дома користејќи ја услугата SmartThings Energy. Дополнително, услугата SmartThings Clothing Care овозможува оптимално управување со алиштата во согласност со животниот стил на корисникот. Врз основа на материјалот од кој е направена облеката, шемите на користење и тековната сезона, SmartThings Clothing Care го препорачува најдобриот циклус на перење и сушење за облеката.

Samsung

Создадена за вашиот животен стил

Кој рече дека просториите за перење не можат да бидат и модерни и функционални? Имајќи го ова на ум, комбинираната машина за перење Bespoke AI е изградена во согласност со визијата на линијата Bespoke за да им понуди на корисниците сеопфатно искуство кое ги зема предвид употребата и просторот на производот.

Технологијата SpaceMax создава повеќе простор во внатрешноста на машината како би го оптимизирала на механичкиот дизајн, вклучувајќи поголем барабан без зголемување на внатрешните димензии. Корисниците можат да уживаат во капацитетот од 11 килограми на оваа машина, најголемата во категоријата од 600 милиметри. Слично на тоа, BespokeAI има модерен дизајн со рамен преден дел што се вклопува во секој ентериер. Со тркалезни врати од калено стакло кои се и стилски и издржливи, едноставниот и елегантен дизајн на комбинираната машина за перење Bespoke AI е совршен избор за секој модерен дом.

Перформанси на кои можете да им верувате од година во година

Купувањето машина за перење или сушење е голема инвестиција, па токму затоа Samsung гарантира дека тие се создадени да траат. За разлика од традиционалните мотори, напредниот дигитален инвертер мотор на машината за перење Bespoke AI користи моќни магнети за потивки и помоќни перформанси - со помала потрошувачка на енергија. Затоа Samsung нуди 20-годишна гаранција за дигиталниот инвертер мотор во машините за перење што се продаваат во Европа и САД, со што ја потврдува својата цел за развој на производи кои сè пред се одржливи.

За повеќе информации посетете ја страницата:

https://www.samsung.com/mk/washers-and-dryers/washer-dryer-combo/

Комерцијален текст

Tags
Samsung

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.