„Среќен роденден, моја убавице“: Ќерката на Мики и Светлана Црнокрак наполни 15 години, целото семејство ѝ честиташе
Нина Црнокрак наполни 15 години.
Ќерката на Мики и Светлана Црнокрак денес го слави својот роденден, а најблиските не пропуштија да ѝ упатат честитки преку социјалните мрежи и да споделат дел од радосните моменти поминати со неа.
Светлана на социјалните мрежи објави фотографии со Нина и напиша.
„Среќен роденден, моја убавице“.
И таткото Мики не го криеше задоволството по повод роденденот на својата ќерка. Тој сподели и фотографија со роденденската торта во форма на срце.
„Среќна 15-ка, Нина татина“ – напиша тој.
Посебна честитка пристигна и од нејзината сестра Моника, која објави колаж од заеднички фотографии со славеничката, потсетувајќи на нивната блискост и сестринската љубов.
„Среќен роденден на мојата омилена. Те сакам сестро“ – напиша Моника.
Како сопственици на студиото „Црнокрак“, Светлана и Мики со децении се меѓу најпрепознатливите имиња во модниот свет кај нас.