• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Кајли Миног ја прекина свршувачката со 19 години помладиот Џошуа Сас, по гласините дека тој ја изневерил

3 февруари 2017, 14:00
  • cподели

Кајли Миног раскина со Џошуа Сас. Славниот пар, кој се вери пред една година, официјално ја прекина свршувачката.

Додека кружат гласини дека 48-годишната музичка ѕвезда ја заврши врската со 29-годишниот актер поради негово неверство, Миног со пост на Instagram ја потврди веста. Во описот на фотографија од зајдисонце, Кајли истакна дека таа и Џош се во добри односи и дека си посакуваат сè најдобро еден со друг.

Кајли Миног и Џошуа Сас

„Ви благодарам на сите за вашата љубов и поддршка низ ова поглавје од мојот живот. Ви благодарам за љубовта и разбирањето за веста дека јас и Џош решивме да одиме по различни патишта. Ние си посакуваме само најдобро еден со друг“ – стои во описот.

Кајли Миног и Џошуа Сас

Тие се запознаа во 2015 година на снимањето на серијата „Galavant“, а беа во врска околу шест месеци пред Кајли да го прифати предлогот за брак на Џошуа.

Кајли Миног и Џошуа Сас Кајли Миног и Џошуа Сас

Се шпекулира дека Џошуа ја изневери Кајли со шпанската актерка Марта Миланс.

МартаМарта Миланс
Tags
Кајли Миног

Најнови

  • Олимпијката Јута Лердам со моќна порака по освојувањето злато и сребро на ЗОИ: „Цел живот ме осудуваа за шминката“

    Mon, 02/23/2026 - 14:00
  • Инстант лоз Титаниум

    Со само 100 денари до нов автомобил!

    Mon, 02/23/2026 - 13:00
  • Џенифер Лопез со емотивна честитка полна со стари спомени за 18-тиот роденден на нејзините близнаци

    Mon, 02/23/2026 - 12:26
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.