• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Кајли Џенер и Тимоти Шаламе на одмор во Хрватска, во опуштено издание позираа со персоналот во ресторан на Хвар

25 септември 2026, 12:10
  • cподели

Кајли Џенер и Тимоти Шаламе ја избраа Хрватска за краток релаксиран одмор и привлекоа големо внимание во регионот.

29-годишната основачка на козметичкиот бренд Kylie Cosmetics и 30-годишниот актер биле забележани во ресторанот „Гарифул“, а фотографија од нивната посета се појави на социјалните мрежи. 

На неа Кајли и Тимоти се фотографирани со дел од персоналот, во прилично опуштено и природно издание, далеку од гламурот во кој најчесто ги гледаме на црвениот тепих.

Од ресторанот првично се пофалиле со присуството на славните гости, но објавата набрзо била отстранета од нивните профили. Фотографијата, сепак, продолжила да кружи на социјалните мрежи откако ја споделил и хрватскиот политичар Никша Бубле.

Иако ниту Џенер ниту Шаламе официјално не го потврдиле својот престој на Хвар, нивното појавување во ресторанот привлече големо внимание.

Неколку дена подоцна, People објави дека популарните ѕвезди биле заедно и на свадбата на филмскиот продуцент Рајан Фридкин во Сен Тропе, Франција. Двојката присуствувала на свеченоста на 19 септември, при што Кајли избрала впечатлива жолта Roberto Cavalli тоалета со животински принт.

Кајли и Тимоти се во врска од 2023 година и оттогаш се еден од најследените славни парови. Таа е мајка на две деца од претходната врска со Тревис Скот.

Tags
Кајли Џенер
Тимоти Шаламе

Најнови

  • Копија на мама: 18-годишната ќерка на Мила Јовович во романтична креација во Венеција

    Fri, 09/25/2026 - 13:35
  • Златните покани повторно пристигнаа: Кои се избраните гости на The Haute Wed Gala 2026?

    Fri, 09/25/2026 - 13:26
  • Кајли Џенер и Тимоти Шаламе на одмор во Хрватска, во опуштено издание позираа со персоналот во ресторан на Хвар

    Fri, 09/25/2026 - 12:10
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.