• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Каде ни бега фокусот? Ели Пешева за расејувањето и менталната „магла“ во „Reality Check“

24 декември 2025, 17:00
  • cподели

Зошто ни е сè потешко да се фокусираме? Зошто мислите ни „летаат“ на сите страни, концентрацијата лесно нè напушта и менталната „магла“ станува новото нормално?

Шармантната Ели Пешева во најновата епизода на „Reality Check“ се втурнува во разглобувањето на оваа проблематика. Емисијата поаѓа од ставот дека проблемот не лежи само во дигиталните екрани, туку во ритамот на живеење – постојана брзина, премногу информации и притисок секогаш да бидеме „онлајн“.

Во епизодата насловена „Фокус“, гостуваат актерот Гораст Цветковски и психотерапевтот Никола Дукоски. 

Преку симболична партија шах помеѓу Цветковски и Пешева, емисијата визуелно и практично тестира дали човечкиот мозок навистина може квалитетно да извршува повеќе задачи истовремено.

Гораст Цветковски и Ели Пешева

Податоците покажуваат дека мозокот брзо се навикнува на кратки, инстант награди, па долготрајната концентрација почнува да ја доживува како напор. Анкетите и практичните експерименти ја разоткриваат илузијата на мултитаскингот, кој наместо ефикасност, носи замор и плитко внимание.

Посебно внимание се посветува на разликите меѓу генерациите, со истражувања што укажуваат дека вниманието не се менува еднакво кај сите и дека искуството има важна улога.

Визуелните тестови во емисијата јасно покажуваат дека често мислиме дека сме присутни, а всушност пропуштаме детали.

Централната порака е едноставна: фокусот не е изгубен, туку занемарен.

Затоа психотерапевтот Никола Дукоски нуди конкретни вежби и игри како алатки за повторно тренирање на вниманието во секојдневието.

Епизодата „Фокус“

Tags
Ели Пешева
Reality Check

Најнови

  • „Панчо повика да излеземе... Паднав во стампедото, настана хаос“: Ана Костадиновска сведочеше за спасувањето од пожарот во Кочани

    Wed, 02/25/2026 - 14:31
  • СептаНазал

    СептаНазал: За полесно дишење и поудобно патување дури и кога имате настинка

    Wed, 02/25/2026 - 13:57
  • Антон (Тони) Баталаковски

    Промоција на монографијата „Мојот пат“ – културен настан посветен на Антон (Тони) Баталаковски

    Wed, 02/25/2026 - 13:39
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.