„Каде им се мускулите на децата? Пола од нив не знаат да чучнат или да висат на шипка“: Ранко Рајовиќ за важноста на движењето
Доктор Ранко Рајовиќ беше гостин во подкастот на Иван Косогор.
Познатиот специјалист по интерна медицина од Белград кој е невроендокринолог и професор на Факултетот на Педагошкиот факултет во Љубљана, зборуваше на многу теми, меѓу кои и за важноста на движењето на децата во развој. Тој потенцираше дека ако детето нема доволно движење, не губи само мускули, го губи и мозокот.
„Професионалците кои велат дека движењето не е важно... ова е за родителите совет... живите суштества кои не се движат се растенија, немаат неврони, зошто им се? А живите суштества кои се движат имаат, а најсложен нервен систем има човекот. По таа аналогија, мозокот се развива со движење... кога? Па до првата, третата и седмата година, најмногу до дванаесеттата. Оној кој вели „Како до првата, кога нема одење?“... не е движење одењето, мрдање со глава лево-девно, движење со раце горе-долу, вртење, провлекување, лазење, скокање... тоа е движење... џвакање храна, тоа е движење на горната и долната вилица. Значи движењето формира нерви патишта...“ - рече докторот.
За него е загрижувачки што сѐ повеќе деца не се доволно силни за своите години, а самото тоа им го нарушува метаболизмот и имунитетот.
„Еве трет совет за родителите, а и за воспитувачите. Земете дете од 5-6 години, нека ги рашири нозете во ширина на рамениците и нека чучне до пола, како оној скијачки став. Па пола од нив не можат, пропаѓаат или го навалуваат телото напред, демек чучнале. Немаат сила во мускулите да издржат три секунди, мислам не можат 50%, а можеби и 70% не можат. Каде им се мускулите? Да се фатат за шипка да висат, да ги подигнеме да допрат со главата, па 90% не можат. Потоа некој кажува „Па што е тоа важно?“... како не е, мускулите и коските се помошни метаболички органи и го нарушуваме метаболизмот на нашето дете, можеби имунитетот...“ - вели тој.
Целиот подкаст може да го погледнете тука: