Повеќе не ја кријат врската: Јелена Карлеуша снимена како се бакнува со 25 години помладиот Александар Шево
Иако досега не сакаше јавно да признае дека се во врска, Јелена Карлеуша беше снимена како се бакнува со Александар Шево.
48-годишната пејачка и 25 години помладиот манекен си разменуваа страсни бакнежи додека се забавуваа на промоцијата на новиот албум на Сека Алексиќ.
Изминатите месеци, парот честопати беше фотографиран заедно, но Карлеуша досега не потврдуваше дека се во љубовна врска.