Катарина Ивановска пленеше со мистериозен ретро гламур на The Haute Wed Gala 2026, вечер посветена духот и раскошната естетика на 20-тите години на минатиот век.
Македонската убавица се појави во впечатлив црно-бежов стајлинг кој совршено се вклопи во тематиката на вечерта. Долгиот црн фустан со геометриски мотиви беше надополнет со проѕирни беж детали и блескави кристални украси на половината и ракавите.
Особено впечатлив беше нејзиниот ретро бјути изглед. Косата ѝ беше стилизирана во духот на 20-тите, а светкавата црна лента со кристален украс му даде автентичен кабаре шмек на изданието. Нагласените очи и суптилните усни го комплетираа стилскиот впечаток.
The Haute Wed Gala 2026 беше организирана од Atelier Per Sempre, модното ателје ко-основано од Сандра Матеска Блатт.
Во рамките на гала-вечерта беше одржана и модна ревија на Atelier Per Sempre, а програмата беше збогатена со повеќе музички настапи и сценски моменти. Дел од креативната и режиска реализација на програмата беше Ѓорѓи Петрушевски, кој учествуваше во создавањето на визуелното и сценското доживување на вечерта.
Идејата беше гостите барем за една вечер да зачекорат во некоја друга епоха, интерпретирана низ современа модна призма.
Фото: Кики Муки, Мартин Андонов, City Plus Photography, Krstevski Photography / The Haute Wed Gala 2026