Јелена Томашевиќ хоспитализирана откако ѝ се слоши на сцената во Бар, не сакала да го откаже концертот
Јелена Томашевиќ имаше здравствени проблеми за време на концертот во Бар, поради кои настапот беше прекинат, а таа итно беше одведена во болница.
Според информациите, српската пејачка се почувствувала лошо уште во текот на изведбата на втората песна и клекнала на сцената. Членовите на бендот веднаш ѝ помогнале и ја одвеле зад сцената, по што медицинскиот тим брзо реагирал и ѝ ја пружил неопходната помош.
Концертот беше откажан, а нејзиниот сопруг Иван Босиљчиќ се огласи со информации на социјалните мрежи.
Ви благодариме на сите за грижата и бројните пораки со поддршка.
Во деновите пред концертот, Јелена имаше вирус и блага малаксаност. Сепак, водена од голема почит кон публиката и желба да го одржи договорениот настап, одлучи да излезе на сцената. За жал, поради здравствената состојба не беше во можност да го приведе концертот до крај.
Најважно е што Јелена сега се чувствува добро и се радува на следната средба со публиката. Му благодариме на медицинскиот персонал од Итната медицинска помош во Бар за брзата реакција, како и на сите кои пружија помош и покажаа грижа – напиша Иван.
Јелена и Иван треба да одржат 4 концерти во Скопје и Битола од 7 до 10 март.