• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

„Јас сум тука, јас вредам!“: Дечиња со аутизам приредија изложба, ги посети и претседателката Гордана Сиљановска-Давкова

2 февруари 2026, 12:36
  • cподели

Филип Циглењак Симоновски и Јана Иванова, зрачат со креативна енергија која допира до секого.

Инспиративните дечиња, кои имаат аутизам, преку своите слики го покажуваат нивниот свет и пренесуваат моќни пораки за прифаќањето и љубовта. Тие заедно одржаа изложба во Културно Информативен Центар (КИЦ) – Скопје, на која присуствуваше и македонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова.

Таа не ги криеше импресиите и благодарноста што беше дел од изложбата. На своите профили на социјалните мрежи, напиша:

Благодарна сум што имав можност да се нурнам во еден искрен свет, исполнет со длабоки емоции и бои што ја облагодаруваат сечија душа.
Присуствував на изложбата „Огледала на мојот свет“, во организација на здружението „Во Мојот Свет“, каде секое дело раскажуваше своја приказна, вредна колку целиот свет.

Младите и талентирани сликари, Филип Циглењак Симоновски и Јана Иванова, зрачат со чиста и креативна енергија што допира до секого, на единствен и неповторлив начин. 

Нивните дела се предвесници на големи уметнички дострели!
Пораката на Филип, кој вели: „Секоја слика што ја гледате денеска е мој начин да ви кажам дека јас сум тука, јас чувствувам, јас вредам!“, е силен и хуман апел за поголема видливост и прифаќање на лицата од аутистичниот спектар и атипичен развој во македонското општество.

Се одзвав на поканата да ја славиме уметноста на децата од аутистичниот спектар затоа што верувам во нив. 

Верувајте и вие во себе, искористете го својот талент и покажете дека го можете она што го може и секој од нас, на свој начин!

Филип на денот на изложбата го одбележа и својот 13-ти роденден.

Tags
Филип Циглењак Симоновски
Јана Иванова

Најнови

  • Греми 2026

    Хајди Клум едвај се движеше во латекс, Лејди Гага драматична со пердуви... Модата на Греми 2026

    Mon, 02/02/2026 - 12:51
  • „Јас сум тука, јас вредам!“: Дечиња со аутизам приредија изложба, ги посети и претседателката Гордана Сиљановска-Давкова

    Mon, 02/02/2026 - 12:36
  • Хаос на Греми 2026: Шер прогласи покоен пејач за победник

    Mon, 02/02/2026 - 11:03
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.