• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Животни стории

Филип кој има аутизам: „Лошите луѓе нека не бидат сурови, бидејќи нè боли, а ние сме полни со љубов“

2 април 2025, 11:14
  • cподели

Филип Циглењак Симоновски сака да пренесе важна порака на Светскиот ден за подигнување на свеста за аутизмот.

Слаткото детенце, кое е има нарушувања од аутистичниот спектар, сними видео во кое рече дека зборува во името на сите оние лица кои не можат да го направат тоа.

Филип апелира да бидеме пољубезни кон лицата со нарушувања во невролошкиот развој, а на сите лица со аутизам им порачува да веруваат во себе и да си ги следат соништата без разлика што зборуваат другите.

Филип Циглењак Симоновски

Здраво на сите. Јас сум Филип Циглењак Симоновски. Јас сум дете со аутистичен спектар и доаѓа месецот за кревање на свесноста за аутизмот. Мојот глас и видео се придонес за аутистичните деца кои не зборуваат. Еден дел од луѓето ме сакаат, многу се убави и милни, но друг дел од луѓето се сурови. Јас би им порачал на аутистите да веруваат во самите себеси, да си го слушаат срцето и да си ги следат соништата. Без разлика што да им речат луѓето, дека не се добри, дека нема да успеат, сепак верувајте си во срцето, слушајте си ги и следете си ги соништата.

Единствено што јас можам да кажам е дека доброто со добро се враќа. Лошите луѓе нека не бидат сурови, бидејќи нè боли, а ние сме полни со љубов.

За аутизмот не е само 2 април за поддршка, туку за мене е 365 дена во годината. Благодарам на мама и на другите коишто веруваат во мене и ви благодарам на вас за времето. Среќен 2 април и се гледаме.

Филип

Неговата мајка Ана Марија го сподели видеото на Facebook и напиша:

„Од утре започнува месецот за подигнување на свеста за аутизмот. Носиме сино и зборуваме гласно. Не на 2-ри април, туку ден претходно, ден подоцна, цела година, секогаш. Приказните на Филип немаат крај, но за жал не секогаш и мислата има вербален тек, па затоа лепевме, сечевме и дотеравме една најубава порака. Небото е лимит“.

Филип има огромен талент за сликање и создава уметнички дела кои му носат бројни комплименти. Тој на 9-годишна возраст ја одржа својата прва изложба, докажувајќи дека не постојат ограничувања.

Филип Циглењак Симоновски Филип Циглењак Симоновски Филип Циглењак Симоновски

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.