Давид Даниловски, познат како Јанг Дади (Young Dadi), отпатува во Брисел за да биде сведок на концерт на еден од најпопуларните музичари на денешницата.
Младиот македонски пејач беше придружуван од девојката Ема Камчевска на музичкото шоу на Bad Bunny, кое се одржа на стадионот „Крал Бодуен“.
Во интервју за Фемина, Јанг Дади изјави дека му се восхитува на Bad Bunny затоа што успеа да го обедини целиот свет преку неговата музика.
„Во моментов тоа е Bad Bunny. Тој успеа да го обедини целиот свет преку неговата музика и својот специфичен стил, а истовремено врати во мода еден жанр на глобално ниво. Одамна не се случило цела планета да пее на јазик што не го разбира. Станува збор за комплетно изграден артист, приказна и пакет... а тоа е нешто кон што јас целам и се трудам да го презентирам на јавноста преку секој мој проект“ - изјави тој.
Јанг Дади и Ема споделија и други фотографии од нивниот престој во Брисел.